• Latest

Нотирани се остварените видливи резултати во судството и во борбата против корупцијата, вели Заев

December 14, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нотирани се остварените видливи резултати во судството и во борбата против корупцијата, вели Заев

December 14, 2020 12:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Пред 100 дена, во Собранието најавив дека влегуваме во време на ред, правда и дисциплина и во време на прочистување на судството и неселективно владеење на правото. Во временската рамка на првите 100 дена на оваа Влада стигна и позитивниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија во кој се истакнува дека оваа извршна власт ја започна трансформацијата на земјата по европски терк и овозможува еднаков пристап до правдата, еднакви можности за сите и еднаквост пред законите“, истакна премиерот Заев на настанот за отчетност за 100 дена Влада.

Заев додаде дека правдата станува еднакво достапна за сите.

„Со одлуката на Уставниот суд со која стана јасно дека поништувањето на аболицијата на поранешниот претседател Иванов е уставно и законско, пропадна и последниот обид на обвинетите лица опфатени со амнестијата на Иванов да се ослободат од одговорност. Предметите подигнати и водени од СЈО продолжуваат да бидат во процес на правна разрешница, низ независни, ефикасни, транспарентни законски судски рочишта. Ќе потсетам дека само Мицкоски беше против измените на Законот за јавното обвинителство со кој се гарантираше иднината на предметите. Или што би рекол и самиот тој “тој беше единствениот кој застана на браникот на криминалот”, вели Заев.

Премиерот додаде за граѓаните е обезбедено олеснување за непречен пристап до правда со пвеќекратното намалување на судските такси.

„Нотирани се остварените видливи резултати како во судството, така и во борбата против корупцијата. Воедно, оддадено е признание за добриот напредок на имплементацијата на Стратегијата за реформи во правосудството. Констатирана е и усогласеност на законската рамка за заштита на човековите права со европските стандарди во најголема мера. Со максимална почит за независноста на правосудството, Владата преку Министерството за правда го помага усвојувањето на методологијата по која ќе се изврши филтрацијата на судството и обвинителството. Тоа ќе се прави исклучиво преку телата на правосудната власт, преку која Судскиот совет и Советот на јавните обвинители ќе направат филтрација во своите редови, односно ќе ги одвојат чесните од нечесните судии и обвинители. Нема да биде заштитен доколку ги прекрши етичките норми и незаконски работи. Затоа ги разрешивме функционерите кои тоа се обидоа да го направат’, додаде Заев.

Во исто време, сите законски и други услови за одржување на пописот се во завршна фаза. Законот за попис деновиве, а можеби дури и денеска, истакна премиерот, ќе биде на конечно усвојување на пленарна седница во Собранието.

„Со тоа ги обезбедуваме сите услови за оваа статистичка операција од чии показатели ќе  произлезат насоки за некои од најзначајните прашања за идниот стратешки развој на земјата. Граѓаните бараат попис, на државата ѝ треба попис – ние тоа на пролет ќе го обезбедиме и овозможиме“, изјави Заев.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ