• Latest

Османи-Петжичек: Поддршка за почеток на преговорите со ЕУ без одложување

December 15, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи-Петжичек: Поддршка за почеток на преговорите со ЕУ без одложување

December 15, 2020 16:32
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на работната посета на Република Чешка, оствари средба со својот домаќин, шефот на чешката дипломатија Томаш Петжичек, на која една од главните теми на разговор беа европските интеграции на Република Северна Македонија, особено во насока на поддршка за почеток на  преговорите со Унијата без одлагање.

-Со поддршка од нашите пријатели ќе продолжиме со реализацијата на реформскиот процес, пред сѐ во делот на владеењето на правото, реформата на правосудството, борбата против корупцијата и реформата на јавната администрација. Се разбира дека остануваме фокусирани и на процесот на градење на добрососедски односи и зголемена меѓусебна доверба со сите наши пријатели од Регионот. Добив уверување од мојот колега дека Чешка и понатаму ќе продолжи да биде еден од најголемите и најгласни поддржувачи на полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ, истакна Османи.

Шефот на дипломатијата Османи ја пренесе благодарноста на Владата за континуираната и принципиелна поддршка од страна на Чешка за европските интеграции на земјата.

На средбата на двајцата министри беа афирмирани одличните пријателски односи на двете земји, за кои беше констатирано дека се одликуваат со интензивен и динамичен политички дијалог и редовна размена на посети на високо ниво.

-Одличните билатерални односи не се доволно изразени и во рамките на економската соработка, каде трговската размена не надминува 200 милиони евра. Пред бизнис заедниците на нашите две земји стои огромен потенцијал кој мора да биде препознаен и искористен, со цел да го олесниме влезот на чешките директни инвестиции на македонскиот пазар, како и да овозможиме позначајни резултати во делот на трговската размена, истакна Османи.

Министерот презеде обврска, како што посочи, за интензивирање на активностите кои произлегуваат од делот на економската дипломатија, со цел поефикасно искористување на потенцијалот за економска соработка и размена меѓу двете земји.

Петжичек од своја страна посочи дека Чешка отсекогаш ја поддржувала европската интеграција на змејава и ќе продолжи во тоа и во иднина. Тој изрази жалење што не беше донесена одлука за одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Министрите Османи и Петжичек се осврнаа и на соработката во рамките на Северноатлантската алијанса, каде двете земји веќе и формално се сојузници, соработката во рамките на ОБСЕ и чешката поддршка за нашето претседавање со таа Организација во 2023 година. Разменети беа мислења и за други прашања од интерес за Регионот и на меѓународната сцена.

Во рамките на посетата на Чешка, Османи ќе се сретне и со Милена Хрдинкова, државен секретар за ЕУ прашања во Канцеларијата на премиерот, Андреј Бабиш. /МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ