• Latest

Пратениците треба да гласаат за прогласување кризна состојба до 30 јуни и за Законот за попис, во прво читање

December 16, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пратениците треба да гласаат за прогласување кризна состојба до 30 јуни и за Законот за попис, во прво читање

December 16, 2020 11:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија денеска се очекувад а одржи три пленарни седници, едната на која ќе се обрати претседателот на државата – редовното годишно обраќање, втората 25. седница на која расправата за повеќе точки на дневнуиот ред е завршена и треба да се гласа за прогласување кризна состојба до 30 јуни следната година и за законот за попис, во прво читање, како и 26. седница на која ќе почне петдневната расправа за Дополнетиот предлог за Буџетот за 2021 година, пренесува МИА.

На 25. седница, која започна во понеделникот и немаше кворум, а на која во најголем дел не присуствуваа пратениците на опозоциската партија, заврши расправата за законот за попис за 2021 година, како и за прогласувањето кризна состојба на територијата на држвата до 30 јуни, за предлогот Иџет Мемети да стане член на Советот на јавни обвинители, како и за предлозите за тројца нови членови на Судскиот совет, но и за неколку други точки. Не се гласаше бидејќи во салата немаше кворум.

На дневен ред на 25. седница се и Предлог на закон за дополнување на Законот за социјалната заштита, Предлог законот за регистрација на возила со странски регистарски табици на територијата на Република Северна Македонија, по скратена  постапка, Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, сите по скратена постапка.

Законодавниот дом во рамки на 25. седница треба да расправа и за Дополнетиот предлог на закон за изменување на Законот за домување, како и за дополнетите предлог закони за изменување и дополнување на законите за железнички систем и за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање.

По скратена постапка, е и Предлог законот за преземање на административни службеници вработени преку К-5 програмата во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ