• Latest

Меѓународен ден на мигрантите – над 272 милиони раселени во светот

December 18, 2020

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Меѓународен ден на мигрантите – над 272 милиони раселени во светот

December 18, 2020 09:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тажна реалност е дека во последните години се случија миграциски движења и раселувања во светот предизвикани од настани кои со себе донесоа големи страдања и трауми, како и загуба на човечки животи. Само во 2019 година бројот на меѓународни мигранти се искачи на 272 милиони, што претставува 3,5% од светската популација, а 74% се на работоспособна возраст (20-64 години), наведува Меѓународната организација за миграции при Обединетите Нации, по повод 18 декември – Mеѓународниот ден на мигрантите.

„Оваа година бевме сведоци како пандемијата на КОВИД-19 влијаеше на светот, значително ограничувајќи ја меѓународната мобилност. Пандемијата на КОВИД-19 значително влијаеше и на животот на мигрантите. Некои мигранти се вратија во нивните земји на потекло поради глобалните рестрикции и се соочуваат со тешкотии при реинтеграцијата на пазарот на трудот. Многу сезонски мигранти исто така не беа во можност да работат поради ограничувањата за патување. Консеквентната загуба на дознаките од странство, заради КОВИД-19, има катастрофално влијание врз животот и благосостојбата на безброј мигранти и нивните семејства во многу земји во светот. Меѓународните извештаи укажуваат на фактот дека во многу наврати, мигрантите немале пристап до здравствена заштита и информации за превенција од КОВИД-19. Случаи на ксенофобија, дискриминација и стигматизација се пријавени во многу земји, а дискриминацијата преовладувaла кога за мигрантите постела стигмата дека се носители на вирусот. Ова е случај, исто така и со мигрантите кои се вратиле во нивните земји на потекло, кои биле стигматизирани бидејќи се сметало дека го носат вирусот со себе“, истакнуваат од Меѓународната организација за миграции – Агенција за миграции на Обединетите Нации.

По повод Меѓународниот ден на мигрантите, генералниот директор на Меѓународната организација за миграции,Антонио Виторино, порача дека „човековите права не се ‘заработуваат’ поради тоа што сте херој или жртва, туку тие се право на секој, без оглед на потеклото, возраста, полот и статусот“.

„Потребна е поддршка и заштита на мигрантите за да може тие целосно да придонесат кон нивното и нашето закрепнување. Како што вакцините стануваат достапни, на мигрантите, без оглед на нивниот статус, ќе мора да им се обезбеди правичен пристап. Глобалниот одговор кон КОВИД-19 претставува можност повторно да стане реална човечката мобилност, да се спроведе визијата за Глобалниот договор за безбедна, уредна и регуларна миграција и да се создадат просперитетни, здрави и отпорни заедници. Ние, сите заедно, можеме да го оствариме тоа“, вели Виторино.

Mеѓународен ден на мигрантите се одбележува на овој ден бидејќи на 18 декември 1990 година, Генерално собрание на Обединетите нации ја усвои Меѓународната конвенција за заштита на правата на работниците-мигранти и членовите на нивните семејства.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ