• Latest

Османи: Имаме јасна поддршката на останатите 26 членки на ЕУ за старт на преговорите

December 22, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Имаме јасна поддршката на останатите 26 членки на ЕУ за старт на преговорите

December 22, 2020 16:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

– Апсолутно е јасна поддршката за нас од страна на сите преостанти 26 земји членки на ЕУ. Комуникацијата со официјална Софија продолжува во насока на изнаоѓање решение, имаме волја да продолжиме понатаму, да не изгубиме ниту еден ден, ниту билатералните прашања не треба да бидат пречка за европските процеси, па ниту изборите да бидат пречка за решавање на билатералните разлики, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Комуникацијата продолжува помеѓу нас и Република Бугарија. Во однос на сите други прашања, знаете дека денеска министерот за здравство беше во Софија за соработка во делот на пандемијата. Комуницираме и ние. Сметаме дека независно од она што се случи, тоа не смее да влијае на односите помеѓу нашите две држави и во барањето на решение за да се надмине оваа пречка и да продолжиме понатаму во процесот. Се разбира дека после ветото и следниот Совет на ЕУ ќе треба и ние да седнеме и да разговараме внатре за пристапот понатаму во изнаоѓањето на решение, така што очекувам веднаш после новогодишните празници и нашиот специјален претставник и јас со министерката Захариева и на друго ниво да продолжиме со комуникација за изнаоѓање решение, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на поштенска марка по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и САД.

Коментирајќи ја изјавата на неговата бугарска колешка Екатерина Захариева дека „не сите земји се за члнество на Северна Македонија во ЕУ“, Османи посочи дека апсолутно е јасна поддршката за нас од страна на сите преостанти 26 земји членки на Унијата.

– Јас вчера се вратив од една турнеја низ земјите од непосредното соседство на регионот, меѓутоа имав и телефонски разговори речиси со сите министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и досега мислам дека апсолутно е недвосмислена поддршката на сите други земји членки на ЕУ во однос на потребата и нивните очекувања за одржување на првата меѓувладина конференција во декември. И тоа не само заради тоа што тоа е принципиелна нивна поддршка, туку и заради тоа што е заслужена. Очигледно дека ова билатерално прашање се претвори во вето во процесот, но знаете дека одлуките на Советот се носат со консензус. Сепак е охрабрувачка поддршката што ја добиваме од сите други 26 земји членки, меѓутоа и нивниот принципиелен став дека билатералните прашања не треба да бидат дел од европскиот процес, односно да го условуваат европскиот процес. Принципиелно сметам дека и Република Бугарија посакува и го поддржува членството на регионот во Унијата, бидејќи е од нивни геостратешки интерес. Треба да продолжиме да ја вратиме довербата и да изнајдеме решение како да ги надминеме разликите, рече шефот на дипломатијата Османи.

Во однос на нон-пејперот што специјалмниот пратеник Владо Бучковски го предаде на државниот врв во Бугарија при неговата прва посета на Софија, Османи рече дека досега немаат добиено одговор, а дека во овој период е време овде да се седне и да се рефлектира по однос на тоа што се случи и која би била следната динамика на разговори.

– Нашата претходна динамика на активности беше поврзана со исходот – владина конференција во декември. Бидејќи тоа не се случи, разговараме за нова и временска динамика по однос на започнување на разговорите, меѓутоа сепак ќе треба и ние тука да рефлектираме по однос на тоа што досега го разговаравме, по однос на очекувањата што ги има таму и како да се најде најсоодветниот пристап да се продолжи понатаму. Меѓутоа, ова не значи некаков прекин на комуникацијата. Фактот, како што реков, на присуството денеска на министерот (за здравство) во Софија, меѓутоа и нашите секојдневни комуникации укажуваат дека ние имаме волја да продолжиме понатаму, да не изгубиме ниту еден ден, ниту билатералните прашања не треба да бидат пречка за европските процеси, па ниту изборите да бидат пречка за решавање на билатералните разлики. Ќе продолжиме веднаш после празниците со комуникација. Немаме добиено одговор на нашиот последен предлог како да се надмине прашањето. Се уште го разгледуваат и ќе добиеме одговор, така што на првиот одговор ние веќе ќе одговориме со следен чекор како понатаму, појасни министерот Османи./МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ