• Latest

Презентиран финалниот извештај од „Опсерваторија на медиумските реформи“

December 29, 2020

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Презентиран финалниот извештај од „Опсерваторија на медиумските реформи“

December 29, 2020 16:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Реформите во јавниот радиодифузен сервис и медиумски реформи се започнати, но не исполнети, се наведува во денеска презентираниот финален сумарен извештај од набљудувањето на исполнувањето на реформските приоритети од областа на медиумите, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис преку проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“.

Извештајот ја анализира исполнетоста на Итните реформски приоритети за Северна Македонија, кои што претставуваат документ што се надоврзува на Извештајот на експертскиот тим предводен од Рајнхард Прибе. Конкретно, реформите во областа „Медиуми: слобода на изразување“ имаат цел да се постигне напредок и да се решат проблемите во четири сфери: јавен радиодифузен сервис, владино рекламирање, пристап до информации и клевета.

Според извештајот од Опсерваторијата на медиумските реформи, реформите во јавниот радиодифузен сервис и медиумски реформи се започнати, но не исполнети. Имено, според извештајот, новото буџетско финансирање на МРТ покажува дека е на пониско ниво од претходно и нема да ги задоволи потребите за нормално функционирање на јавниот сервис.

На овој заклучок се надоврза и новинарот Зоран Фиданоски, кој го истакна пропустот во буџетот за 2021 година, во кој што, според него, Владата за јавниот сервис издвоила двојно помалку средства од предвидениот еден процент.

– Наспроти законски предвидениот еден процент од буџетот за 2021, одвоени се малку повеќе од 1/3 односно околу 0,36 проценти средства. Со што буџетот за јавниот сервис е околу 3,5 милиони помалку. Наместо да оди кон зголемување, кон 30 милиони, што се смета дека може да ги задоволи потребите за подлабоки реформи, ние имаме одвоени 15 милиони евра од буџетот за радиодифузија што е речиси двојно помалку во вкупен износ, изјави тој.

Реформите во делот со владино рекламирање и јавни пари во медиумите, според извештајот, се делумно исполнети, имено, иако се укинати владините реклами на домашните медиуми, локалните власти и локалните јавни претпријатија ја продолжиле практиката на одлевање на јавни пари во медиумите.

Повеќето од учесниците се осврнаа на ова прашање со што во фокус на дискусијата беше најавата за укинување на член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Дејан Георгиевски, од Центарот за развој на медиуми, ја протолкува, промената на законот како можност,на голема врата да влезат јавните пари во медиумите.

– Колку и да сакаме да се оградиме, ова значи можност за директно влијание врз програмските содржини на таквите телевизии и појава на клиентелизам во медиумите, нешто на што бевме сведоци во минатото и сакаме да го нема во иднината.

Ирена Арнаудова, од регионалната телевизија ТВМ Охрид, во однос на укинувањето овој член го посочи само пропустот во изоставувањето на порталите и печатените медиуми, бидејќи, според неа, и кај нив може во иста мера како и кај радиодифузерите, да се врши политичко влијание со јавните пари.

– Членот 102 можеше да остане за регионалните и локалните телевизии, односно со средства од општините да се финансираат. Затоа што кај националните медиуми не често гледаме прилози од општините надвор од Македонија и Скопје. Еднаш, два пати неделно, претежно за некоја црна хроника, истакна Арнаудова.

Единствено во пристапот до информации, според извештајот, реформите се целосно исполнети. Со тоа што со новиот Закон за пристап до информации од јавен карактер досегашната Комисија за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер се трансформира во Агенција во која директорот и заменикот имаат поголеми овластувања при решавање на жалбите и претставките од граѓаните.

Во делот на клевета и навреда реформите се започнати, но не се исполнети, стои во извештајот. Имено, во надлежното Министерство за правда, од април 2020 е ангажиран експерт, кој треба да изготви анализа за примената на постојниот закон, но во наредните периоди не се случија поместувања, според извештајот.

Овој сумарен извештај ги презентира генералните резултати од набљудувањето на исполнетоста на Итните реформски приоритети (ИРП) што се однесуваат на слободата на изразувањето, во периодот од 1 ноември 2019 до 15 декември 2020 година и истиот можете да го погледнете на веб-адресатата на проектот: mediaobservatorium.mk.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ