• Latest

Коста Петров за „Перспективи 2021“: Единствената приказна којашто можеме да ја изградиме за Македонија е преку иновациите

January 6, 2021

Од јануари целосно автоматизирано пријавување на новороденчиња со проектот „е-бебе“

October 7, 2025
Илустрација ВИ

До 10 октомври е рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

October 7, 2025

Државата од денеска и официјално дел од СЕПА, полесни и побрзи плаќања во евра

October 7, 2025

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

October 7, 2025

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори

October 7, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово; СДСМ во Дојран, Богданци, Гевгелија и Валандово

October 7, 2025

Светска банка прогнозира стабилен економски раст за Македонија – 3,1 отсто во 2025 година

October 7, 2025

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Коста Петров за „Перспективи 2021“: Единствената приказна којашто можеме да ја изградиме за Македонија е преку иновациите

January 6, 2021 13:15
in ЕКОНОМИЈА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Фондот за Иновации, Коста Петров, на Конференцијата „Перспективи 2021“ објави новини во работата на Фондот, односно, се осврна на дигитализацијата на општеството и бизнисот во земјава, улогата на старт-ап системот во македонската економија, како и новитетот „Дигитални номади“ со кој Фондот за иновации ќе учествува активно во креирање и поддршка на економијата во земјата.

-Интересно е дека 2020 беше многу тешка година, но јас секогаш се обидувам да ги гледам и позитивните работи. Ние цело време зборуваме за дигитализација, а нас во 2020 година ни се случи дигитализација без разлика дали ние сакаме или не. Фактот што и овој состанок во моментов се одржува преку Зум, значи дека ние веќе се качивме на возот за дигитализација, и нема враќање назад. Но од друга страна, разгледувајќи ја нашата економија, економските теми коишто се разговараа пред самата пандемија, и гледајќи што се случува сега, има еден огромен шифт, што за прв пат почнуваме да зборуваме за работи за коишто претходно не се зборуваше. Ние денеска зборуваме за активното учество на стартапите во македонската економија. Зборуваме како новиот бран на бизнисмени и на претприемачи можат да ја променат економијата, преку нивните иновативни продукти. И тоа е навистина нешто позитивно. Ние тука во Фондот, пред две недели го лансиравме нашиот старт-ап совет за прв пат во историјата на нашата земја, старт –ап совет којшто заедно со Владата, ќе работи на сет законски измени коишто ќе овозможат развивање на македонскиот старт-ап еко систем. Ако некој може да ја промени перцепцијата на тоа што значи да се  биде претприемач, што значи да бидеш бизнисмен, што значи со идеја да го освоиш пазарот, а не политички, таа моќ ја имаат стартапите.

Тие во државава се развиваа без никаква државна помош. Ние имаме старт-ап еко систем, којшто се развива без интервенција и помош  од државата, вели Петров.

Прашањето кое го поставувам како директор на Фондот, е, ако државата активно учествува во креирање на тој старт-ап, и развој на старт-ап еко систем, замислете ги резултатите коишто може да се постигнат. Мојот став и сега, и пред да бидам директор е дека единствената приказна којашто можеме да ја изградиме за Македонија е преку стартапите, преку иновациите. Ние немаме нафта, немаме гас, ние сме позиционирани  во еден таков турбулентен интересен регион, и единствена приказна којашто ќе биде наша, и само наша, се иновациите. Интересно е што оваа година иако беше тешка за многу компании, ова беше година во која многу луѓе се осмелија да отворат сопствена компанија, и ги замолувам медиумите да зборуваме за позитивни приказни. Факт е дека младите се селат, и факт е дека тоа е глобален феномен. И треба младите да искусат како е да се работи во странство, да го добијат тоа искуство, но, да не ги заборавиме она што јас го нарекувам – македонските старт-ап херои. Луѓе за кои, верувајте, многумина знаат, а креираат локални продукти, коишто се продаваат глобално. Мора да им дадеме простор, и ние како Влада, и вие како медиуми и организации, да зборуваме за овие компании, бидејќи ако некој ќе ја промени перцепцијата за нашата земја, тоа се токму тие.

Петров објасни што значи изразот „дигитални номади“, и ја претстави стратегијата создавање на нова работна сила за поддршка на економијата на Македонија, што ја подготвува Фондот за иновации, со поддршка од МВР и од Владата.

-Со развојот на дигитализацијата, и пред да се случи Ковид-19, веќе се создава нова работна сила на луѓе што работат „римоут“, значи не работат во канцеларија, имаат договор со компанија, со работат од дома, самите одлучуваат каде ќе работат, дали ќе работат од канцеларија, дали ќе останат во Америка или Англија… Трендот на дигитално номадство го започна Естонија, во моментов Грузија го работи активно, таму има околу 850 дигитални номади, странци коишто работат за странска фирма, меѓутоа одлучиле да живеат во Грузија. Тие не работат во Грузија, туку живеат во Грузија, а пред две недели тоа го направи и Хрватска. Што значи дека Грузија и Хрватска се земјите коишто ја креираат таа дигитална номад стратегија. Пред да станам директор на Фондот, со моите пријатели од старт –ап Македонија, организација којашто на еден начин работи со македонскиот старт-ап еко систем, почнавме да добиваме информации дека во Охрид има многу дигитални номади, дека во Скопје доаѓаат странци, коишто не се туристи, луѓе коишто ги виделе условите за живот во Македонија, си направиле математика дека поевтина е киријата, храната, рестораните, имаат одредени примања, и одлучиле да живеат тука. Тоа може да остане така, кој сака нека дојде, да седи три месеци па потоа мора да замине од државата…Ние сакаме тоа малку постратешки да го направиме, и веќе работиме, со вклученост и на МВР, за стратегија за дигитални номади. Тоа значи дека на луѓе коишто работат „римоут“, имаат некаде работа, за некоја друга фирма, ќе им овозможиме да дојдат да живеат во Македонија, и да добијат дозвола за престој врз база на економски интерес. За да се направи ова, потребни се законски измени на коишто МВР веќе работи, со тоа што има листа на земји  на кои тоа ќе им биде дозволено, личноста да има одредени примања, треба да има здравствено осигурување за време на престојот во нашата земја, и добива дигитална виза со којашто му е регулиран престојот, на толку денови, месеци, за колку што таа личност побарала. Ова нема да помогне само економски, бидејќи тие луѓе ќе треба да изнајмуваат станови, ќе учествуваат активно во нашата економија, меѓутоа тие луѓе ќе помогнат да се развие и нашиот старт-ап систем. Без разлика колку сме ние критични кон Македонија и условите тука, факт е дека ние правиме истражување, странците што живеат тука, уживаат во нашата земја. И дури, многу од работите за коишто не ги знаеме, ги учиме од нив. Ако оди по планот, а верувам дека ќе оди, веќе во првата половина на 2021 година, ќе лансираме онлајн виза за дигитални номади, и ќе им дозволиме на тие дигитални номади да дојдат да живеат во Македонија, активно да учествуваат во нашата економија. Вториот чекор е, по многу дискусии, Македонско Село во Нерези, преку партнерски организации ќе го трансферираме во дигитално Номад-село, простор каде што дигиталните номади ќе можат да живеат, да учествуваат на настани, да се поврзат со македонски стартапи итн. Така што, повторно ќе кажам, да не беше кризата, никогаш немаше да зборуваме за дигитални номади. Оваа криза отвори теми за коишто се надевам дека ќе имаме поддршка и од Владата, и од сите политички партии, бидејќи иновацијата не познава политичка партија, не познава партиска книшка, и според мене, ова е единствената уникатна приказна што можеме да ја креираме и за којашто никој не може да кажува „ова е наша приказна, не ни ја земајте“… Иновациите се нашата уникатна приказна.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ