• Latest
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Добрина и човечка топлина да се всели во срцата на сите луѓе

January 7, 2021

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Добрина и човечка топлина да се всели во срцата на сите луѓе

January 7, 2021 12:58
in МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Пред шест години (2015), на Божиќ, напишав една честитка на својот профил на социјалните мрежи. И по толку години, честитката целосно ги изразува моите мисли и чувства, значи некои работи не се промениле ни по толку бурни години. Единствената разлика е во мерките за заштита од Ковид-19, кога треба да бидеме дома, да не палиме оган за Бадник, да не се групираме. Впрочем, Божиќ е празник за семејството, како што велат – било кај да си, за Божиќ, дома да си.

Јас сум атеист, но ги знам и ги почитувам сите поголеми верски празници, Божиќ, Велигден, Рамазан, Бајрам, Јом Кипур, Ханука, Пасха…

На огнот на Бадник сум бил присутен само еднаш, пред шест години, кога им се придружив на моите комшии од старото маало во Лисиче. Прекрасен момент. Како сега да е, ги гледам нивните лица, радосни, осветлени од огнот. Два дена подоцна, на Божиќ, го напишав ова:

Завчера вечерта, застанав покрај бадниковиот оган. Музика, блага ракија, греано вино, чај, закуска, насмевки, благост и човечка топлина. Кратко се задржав со моите драги комшии, помуабетивме, си разменивме убави желби и честитки. Заминав брзо, за да не донастинам, иако сакав да останам многу подолго. Отсјајот од огнот допираше до мојот прозорец уште некое време, следејќи го моето чувство на радост. Радост, затоа што знам колку се искрени убавите желби и човечката топлина на луѓето со кои стоев на снегот покрај огнот, во текот на бдеењето или „очекувањето на добрата вест“. Радост, затоа што знам дека не се осамени и дека доаѓаат од сите вери, убедувања и животни патеки.

Исус Христос е инспирација за целото човештво. Тој не е почитуван само од христијаните, туку е дел и од исламската вера. И атеистите, иако постоењето на бога не го признаваат, го уважуваат етичкото учење на Исус кој повикува на правда и еднаквост меѓу луѓето, се бори и жртвува за своите длабоко хуманистички идеи.

Божиќ е време на љубов и давање, време кое не почнува и не запира со деновите на прославата, туку трае постојано и без поделби меѓу луѓето.

Со овие мисли, им го честитам Божиќ на сите мои сограѓанки и сограѓани кои го прифатиле етичкото учење на Исус и го практикуваат во своето секојдневие.

Беше тоа година на тешката двогодишна завршна битка со автократијата и криминалниот режим…

И денеска, на Божиќ (2021), кога дел од денот морам да го поминам во канцеларија, ќе ја искористам паузата за да ги споделам моите најискрени и најдобри желби и надежи со сите мои читателки и читатели и со целиот свет.

Посакувам добрина и човечка топлина да се всели во срцата на сите луѓе и ги повикувам да негуваат почит кон сите луѓе и нивните уверувања. Само така ќе бидат посреќни и поуспешни во животот. Да се ослободат од алчноста и зависта, затоа што само така ќе станат слободни и достоинствени луѓе.

Им посакувам правда на онеправданите, помирување на скараните, утеха на унесреќените, мир на завојуваните, нов дом на бегалците…

Им посакувам здравје на болните и на здравите да останат здрави.

Им посакувам ум на заблудените.

Среќна Нова и Среќен Божиќ.

 


Овој текст е достапен за преземање и споделување во целост. 
Print Friendly, PDF & Email
Tags: верадобринадостоинстворазличностичовечност
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result