• Latest

Свечени изјави на новоизбраните членови на ДИК денеска во Собрание

January 15, 2021
Фото: Фејсбук статус на Томовски

Објавен телефонскиот број за пријавување злоупотреба на службени возила

September 16, 2025

Мицкоски: Подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам, итно да се преземат законски измени

September 16, 2025

(ВИДЕО) ☕ ДУПЛО ЕСПРЕСО: Руските воени провокации во Полска, убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, дипломатскиот скандал со рускиот амбасадор во земјава и други стории

September 16, 2025

Мустафа и Салиу за ЦИВИЛ: Не ја слушнавме изјавата на Ангелов за селењето на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Руските власти започнаа со инспекција на возила по пријавените експлозии на 16 септември 2025 година. Фото: ХУР

„Операцијата за одмазда“ на Украина во руски Владивосток го погоди 47-от Воздушно-десантен баталјон обвинет за воени злосторства

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Истражна комисија на ОН: Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа

September 16, 2025

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Свечени изјави на новоизбраните членови на ДИК денеска во Собрание

January 15, 2021 09:50
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе даваат свечени изјави пред претседателот на Парламентот Талат Џафери. Претседател на ДИК ќе биде Александар Даштевски, а потпретседателка Дитмире Шеху. Членови на комисијата се и Борис Кондарко, Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Бобан Стојановски и Кренар Лога.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува денеска, а него во изминатиот период го предводеше Оливер Деркоски, а негов заменик беше Шеху.

Новиот состав на ДИК беше избран со консензус на 31. собраниска седница во вторникот. На седницата со 95 гласа „за“ и без ниту еден против и воздржан се донесе одлуката за избор на претседател и членовите на Државната изборна комисија согласно Предлог одлуката која претходно на седницата ја донесе собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Пред изборот на старо-новиот состав на ДИК кој беше изгласан едногласно на пленарната седница  и со двотретинско мнозинство за дебата се јави единствено пратеникот Кастриот Реџепи од Движењето Беса. Тој во обраќањето истакна дека според резултатите од изборите во 2020 година нема ништо спорно и веќе го потпишале предлог составот на ДИК и при тоа се заложи за промена на моделот за избор на составот на Државната изборна комисија согласно препораките на ОБСЕ з нејзина професионализација.

– Оваа комисија ќе биде избрана согласно постојниот закон, но можеби е потребно да се изгласа нов модел кој ќе биде стабилен и нема да има пристисок според моменталните констелации… Добро би било сите заедно Собранието, но и Владата да размислуваат за реформирање на ова прашање за избор за стабилен закон кој ќе ги има одговорите во сите можни комбинации како врз основа на изборниот резултат или што ќе се случува ако некоја друга партија во меѓувреме стане дел од власта. После секој изборен процес партиите кои ги губат изборите велат дека имало нерегуларности бидејќи немале член во ДИК и се бара алиби да не се прифаќа гласањето. Би сакал во иднина да се импелементира идејата на ОБСЕ, ДИК да има професионални членови, да бидат непартиски и да биде тело кое не може да се оспорува од никој, рече Реџепи.

За некои предложени членови оцени дека се спорни, но вели, овој предлог ќе го поддржат иако немаат свој член во ДИК. Се заложи и за расправа за ова прашање за време на дебата за реформите на изборниот законик.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ