• Latest

Тетово најголем должник меѓу општините, за три месеци долгот зголемен за 1,4 милиони евра [инфографик]

January 15, 2021

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тетово најголем должник меѓу општините, за три месеци долгот зголемен за 1,4 милиони евра [инфографик]

January 15, 2021 14:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Едно од предизборните ветувања на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, беше токму намалувањето на општинскиот долг. Сепак, долгот, не само што не се намали, туку оваа општина веќе важи за најголем „должник“ од вкупно 80 општини во земјава, а за само три месеци, Општина Тетово го зголеми долгот за 1,4 милиони евра, пишува Порталб.мк.

https://infogram.com/dolgovi-na-opshtina-tetovo-1h7v4pwwolenj6k?live

Иако Општина Тетово не кажува кому му должи, наодите од истражувањето на „Scoop“ во соработка со Институтот за човекови права и медиум, покажуваат дека оваа општина е најголем должник од вкупно 80 општини во државата.

Во моментов, Општина Тетово има акумулирано долг од 9,4 милиони евра, следува Општина Охрид со 6,7 милиони евра,  а на трето место е Општина Карпош со долг од 5,2 милиони евра.

Новинарот на Порталб.мк, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од Општина Тетово го побара списокот на компании или претпријатија на кои тетовските даночни обврзници им должат, со цел да бидат што е можно потранспарентни со граѓаните во однос на јавните долгови, но одговор сè уште нема.

Една од најголемите критики кон градоначалничката на Тетово кон нејзиниот претходник, поранешниот градоначалник на оваа општина, Сади Беџети, беше токму големото задолжување на општината.

Затоа, Теута Арифи во последното емисија на „Вистинска дебата“ (“Debat për nime”) за Порталб.мк и Kallxo.com вети дека за време на овој мандат, значително ќе се намали општинскиот долг за секоја година по 1 милион евра.

„Нашиот план е да го намалиме општинскиот долг за 1 милион евра секоја година“, рече Теута Арифи, во 2017 година.

Но тоа не се случи, напротив – долгот на Општина Тетово се зголеми од 8 милиони евра во 2013 година, на 9,4 милиони евра денес.

Она што се издвојува, според наодите од истражувањето на „Scoop“ во соработка со Институтот за човекови права и медиум, во рок од 3 месеци, Општина Тетово го зголеми долгот за вкупно 1,4 милиони евра.

Советниците на Општина Тетово добиле над 100 илјади евра паушал за 2019 година

Според едно истражување на Центарот за граѓански комуникации, за општинските советници на Општина Тетово во текот на 2019 година биле издвоени над 100.000 евра за нивните учества во месечните седници.

„За сите 31 советници и претседателот на Советот, од општинскиот буџет за 2019 година се издвоени 6.382.684 денари или 103.785 евра. Секој советник зел 16.993 денари за одржана седница, додека претседателот на Советот 22.092 денари. Во 2019 година, советот на општина Тетово одржа 13 седници. Веднаш по Тетово за износот на исплатените пари за паушали е Општина Боговиње со 3.373.284 денари за 19 советници на вкупно 14 одржани седници. Од општините на тетовскиот регион, најмалку пари од општинскиот буџет за ова земала општина Јегуновце, каде биле исплатени вкупно 2.104.788 денари или 34.224 илјади евра. На национално ниво, за 1.319 советници и претседатели на општински совети исплатени се 215 милиони денари или над 3,5 милиони евра. Најголеми паушали за советниците има во Град Скопје, кои изнесуваат 24.276 денари, додека паушалот за претседател на Советот е 31.559 денари“, стои во наодите на Центарот за граѓански комуникации.

Преоптоварувањето со работници стана „традиција“ во Општина Тетово

Не се само јавните претпријатија во Општина Тетово преоптоварени со вработени и постојано вработуваат нови, туку оваа општина го држи првото место во Северна Македонија по бројот на вработени. Таа има вкупно 420 вработени.

Сите овие вработени ги чинат граѓаните на Тетово 12 милиони денари секој месец. Тоа го потврди пред неколку дена и градоначалничката Теута Арифи, која рече дека „нема што да прави“, затоа што така ја наследила општината.

„Тетово е општина која има најмногу вработени во рамките на администрацијата, бројот на вработени не е зголемен многу, сега сме 420 лица, секој месец потпишувам близу 12 милиони денари за плати на работниците. Тоа е голем товар, но јас го имам наследено тоа, и мојата логика беше дека ако низ целата земја немало тенденција за административни намалувања или почеток на каков било процес со ЕУ, иако со тешкотии, ние ќе го задржиме тој број на вработени покрај високата цена. Тетово е општината која исплаќа најмногу плати на државно ниво“, рече Теута Арифи на ТВ21.

Инаку, три месеци две јавни претпријатија во Тетово добија заеми од милиони денари. Да потсетиме дека Јавното претпријатие „Тетово“ во септември доби заем од 26 милиони денари од локалните банки за исплата на вработените. Веднаш потоа, ЈП „Градски Паркинг“ побара кредит во висина од 6 милиони денари, при што во втор обид, успеа да ги обезбеди потребните гласови за земање на кредитот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ