• Latest

Анкета на МЦМС: Граѓаните не веруваат дека властите имаат капацитет да ги спроведат потребните реформи без надворешен притисок

January 16, 2021

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Анкета на МЦМС: Граѓаните не веруваат дека властите имаат капацитет да ги спроведат потребните реформи без надворешен притисок

January 16, 2021 10:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На крајот на годината, Владата го најави планот наречен Акција-21, за европски стандарди дома. Планот е одговор на блокадата за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, предизвикана од барањата на Бугарија. Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма ги проверуваа ставовите на граѓаните за тоа дали властите имаат капацитет да спроведат дел од реформите без надворешен притисок и за тоа како ја гледаат иднината на ЕУ.

Истражувањето покажало дека мнозинство од граѓаните не веруваат дека властите имаат капацитет да ги спроведат потребните реформи без надворешен притисок. Вкупно 56,1 отсто воопшто или до некаде не се согласуваат со изјавата дека реформите можат да се спроведат без надворешен притисок. За разлика од нив, 42,1 отсто целосно или до некаде се согласуваат дека властите имаат капацитет за спроведување реформи. Етничките Албанци повеќе се склони да веруваат дека реформите можат да се спроведат без надворешен притисок во однос на етничките Македонци.

Владата нема капацитет за реформирање на судството, смета мнозинството граѓани. Ова бил одговорот на над две третини (68,5 отсто), додека околу една четвртина или 26 отсто, рекле дека Владата има капацитет за вакви реформи. Повозрасните повеќе веруваат во капацитетот на Владата за спроведување на реформи во судството. Околу десетина процентни поени е разликата кај крајните категории, односно, кај најмладите, оние од 18 до 29 годишна возраст, 23,4 отсто препознале капацитет за реформи во судството за разлика од 33 отсто кај оние над 65 годишна возраст.

Мнозинство од граѓаните сметаат дека Владата нема капацитет за справување со корупцијата. Ова уверување е за нијанса поизразено во однос на реформите во судството, односно 71,8 отсто рекле дека сметаат дека Владата нема капацитет за справување со корупцијата во државата, додека 23,4 отсто сметаат дека има.

Ставовите на граѓаните за иднината на Европската Унија се песимистички. За нијанса е поголем бројот на испитаници кои сметаат дека ЕУ веројатно ќе успее да ги надмине сегашните проблеми но, се повеќе ќе се затвора и се потешко ќе прима нови членки (30,2 отсто) од оние кои сметаат дека во иднина, ЕУ ќе се среќава со се поголеми проблеми и поверојатно е дека потполно ќе се затвори, дури и распадне, отколку дека и понатаму ќе се проширува и зајакнува (29,5 отсто). Во двете најчесто избрани изјави клучно е се поголемото затворање на ЕУ за прием на нови членки. Малку повеќе од четвртина од испитаниците (26,9 отсто) се одлучиле за изјавата „ЕУ ќе ги надмине сегашните проблеми и понатаму ќе се шири, а пред неа е добра иднина“.

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Анкетирањето на граѓаните е направено преку телефонска анкета во периодот од 16 до 24 декември 2020 година. Анкетата  е направена на национално репрезентативен примерок од 1.000 испитаници постари од 18 години.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ