ФБИ истражува дали странски влади, организации или поединци давале финансиска поддршка на лицата кои се вклучени во планирањето и извршувањето на нападот на Капитол на 6 јануари, се наведува во денешниот извештај.
Ал Џезира објави дека како дел од истрагата, ФБИ испитува исплати од 500 000 американски долари во биткоин од француски државјанин, на клучни фигури и групи во крајната десница пред бунтот, како што изјавил за NBC News еден сегашен и еден поранешен функционер на ФБИ .
Плаќањата биле документирани и објавени минатата недела од компанија која ги анализира трансферите на криптовалути. Плаќањата со биткоин може да се следат бидејќи тие се документирани на јавна книга.
Службеник на ФБИ е цитиран дека трансферите на биткоин веројатно ги извршил француски компјутерски програмер, кој си го одзеде животот на 8 декември минатата година откако ги активираше трансферите, пренесоа француските медиуми.
Плаќањата со крипто-валути го поттикнаа ФБИ да испита дали парите се искористени за финансирање нелегални активности, што, ако е точно, ја зголемува можноста за перење пари и обвиненија за заговор, изјави претставникот на ФБИ.