• Latest

Спасовски – Секуловиќ: Преку зајакнато регионално поврзување до побрзо членство во ЕУ

January 18, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски – Секуловиќ: Преку зајакнато регионално поврзување до побрзо членство во ЕУ

January 18, 2021 15:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Република Северна Македонија и Црна Гора, како земји-партнери од Западен Балкан, во наредниот период ќе работат на продлабочување на меѓународната соработка, како клучен предуслов за успешно справување со транснационалниот криминал и илегалната миграција на регионално и на меѓународно ниво, на тој начин потврдувајќи ја својата посветеност кон европската перспектива, како цврста стратешка определба“, беше соопштено денеска по состанокот на министрите за внатрешни работи на двете земји, Оливер Спасовски и Сергеј Секуловиќ, за време на официјалната посета на делегација од црногорското Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, чиј домаќин е министерот Спасовски.

Спасовски ја истакна важноста на заложбите на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија за унапредување на меѓународната соработка, со посебен акцент на регионалната соработка како приоритет на патот кон евроинтеграциите, со посебен фокус на размената на добри практики од терен за предизвиците со кои се соочуваат државите од регионот и Европската Унија, во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал.

„Придонесувајќи кон регионалната безбедност, заеднички придонесуваме кон стабилност и на Европската Унија, што се пресликува и на глобално ниво. Соработката меѓу министерствата за внатрешни работа на Република Северна Македонија и на Црна Гора е плодна и отворена што, секако, е резултат на добрите односи кои постојат меѓу двете земји“, изјави Спасовски.

Според Спасовски, сите овие теми се високо на агендата како на ЕУ, така и на агендите на земјите кандидати за членство.

„Токму во овој контекст, а со оглед дека за Поглавјето 24, одговорноста и надлежноста му припаѓа на Министерството за внатрешни работи, разговаравме и за европските, но истовремено и наши национални и регионални приоритети – борбата против организираниот криминал и тероризмот и справувањето со сите миграциски предизвици. Заедно со г-динот Секуловиќ констатиравме дека е неопходно интензивирање на соработката, притоа нотирајќи некои конкретни практични активности што треба да се преземат. Почнувајќи од соработка во изработката на Акциски планови за Поглавјето 24, со јасно дефинирање на целите за секоја од областите во Поглавјето, како и редовно одржување на состаноци на ниво на работни групи по однос на ова поглавје меѓу двете држави“, посочи министерот Спасовски.

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Секуловиќ, ја истакна одлучноста на Владата на Црна Гора да ги поддржи напорите на Северна Македонија на патот кон европските интеграции.

„Подготвени сме да ги ставиме на располагање нашите капацитети на колегите од Северна Македонија во делот на спроведување на обврските во рамки на поглавјата 23 и 24 и уверен сум дека стручните знаења и искуства во текот на преговарачкиот процес ќе бидат од значење и дека низ овој вид на соработка дополнително ќе ја унапредиме размената на информации помеѓу институциите задолжени за спроведување на законите“, истакна министерот Секуловиќ.

Како што посочи црногорскиот министер, здравствената криза дополнително ја зајакна свеста за важноста на посилно регионално поврзување, но и потребата за воспоставување на подобро заедничко делување помеѓу регионалните иницијативи и Европската Унија.

„Нашите пријателски земји ги поврзува заедничка историја и имаме обврска меѓусебните врски да ги одржиме и зацврстиме“, нагласи Секуловиќ, изразувајќи ја својата увереност дека Црна Гора и Северна Македонија во наредниот период ќе дадат свој полн придонес за конкретизација на современите демократски принципи.

Двајцата министри за внатрешни работи на Република Северна Македонија и на Црна Гора, Спасовски и Секуловиќ се согласија дека транснационалниот организиран криминал станува сѐ покомплексен и налага продлабочување на регионалната и меѓународната соработка, а акцентот ќе биде на сузбивање на меѓународните организирани криминални групи, со што двете земји ја искажуваат подготвеноста за создавање услови за поволен политички и безбедносен амбиент во напредокот во европските интеграции.

Министрите изразија обострано уверување дека пред ресорсите за внатрешни работи, како и пред двете држави претстои период на уште поинтензивна соработка, во која двете партнерски земји, како членки на НАТО, можат да сметаат на взаемна поддршка во исполнувањето на европската агенда на патот кон остварување на евроинтеграциите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ