• Latest

Заев со амбасадорите на ЕУ – членките: Поддршката за јасната ЕУ-перспектива на Северна Македонија најсилната мотивација за нашите реформи

January 20, 2021

ДИК: Нема информации за евентуални проблеми или непријатности, излезност 9,38 отсто

October 19, 2025

Прва прес конференција на ЦИВИЛ: Мирен старт на изборниот ден, познати слабости – изборниот молк и пристапноста остануваат предизвици

October 19, 2025

ДНЕТ поднеле тужба до Управен суд кој ја потврдил одлуката на ДИК

October 19, 2025

МВР: Регистрирани 20 пријави за кршење на изборен молк и 47 објави на социјални мрежи со повици за гласање за одреден кандидат

October 19, 2025

ЦИВИЛ го започна изборниот мониторинг во 6:30 – изборниот ден тече мирно и навремено

October 19, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

(ВИДЕО) Огромни толпи на анти-Трамп протестите „Без кралеви“ кои се шират низ САД

October 19, 2025

Излезеноста на изборите до 09.15 часот е три отсто

October 19, 2025
Фото: МВР

МВР апелира до граѓаните и политичките партии да придонесат за мирна и демократска атмосфера за време на Локалните избори

October 19, 2025

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител

October 19, 2025

ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев со амбасадорите на ЕУ – членките: Поддршката за јасната ЕУ-перспектива на Северна Македонија најсилната мотивација за нашите реформи

January 20, 2021 10:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вчера на редовниот годишен состанок со шефовите на дипломатските мисии на земјите-членки на ЕУ во нашата земја ги информираше амбасадорите за актуелните и најважни активности во процесот за интеграција на земјата во Европската Унија при што детално го образложи континуитетот на тековните реформски процеси, особено во делот на правосудството, борбата против корупцијата, реформите во јавната администрација.

Како што соопшти Владината прес-служба, на состанокот што се одржа вчера во Владата на РСМ, од страна на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, предводени од шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје Дејвид Гир, бил покажан особен интерес за отворените прашања со Бугарија.

-Амбасадорите на земјите членки на ЕУ покажаа посебен интерес за активностите за решавање на отворените прашања со Република Бугарија поради кои не се постигна консензус за преговарачката рамка за Северна Македонија во Брисел, за што на состанокот беше истакнато неподелено мислење дека процесот треба колку што е можно побргу да продолжи, да заврши со старт на преговорите за членство на земјата во ЕУ, се наведува во соопштението.

Премиерот Заев на состанокот, се додава, истакна дека, имајќи предвид дека членството на Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива за нас е важно, да го продолжиме дијалогот со Бугарија, во духот на меѓусебно почитување и во имплементацијата на Договорот за пријателство преку поинтензивна меѓу-секторска соработка.

-Истовремено остануваме цврсто определени за одредени прашања, кои се наши црвени линии, како што е македонскиот идентитет и македонскиот јазик, за нив не преговараме, додаде премиерот Заев.

За време на дебатата, се наведува, претседателот на Владата Заев ја поздрави изразената поддршка за проширувањето на ЕУ од страна на амбасадорката на Португалија Вирџинија Пина, при што додаде дека е многу важен ставот на португалското претседателство дека почетокот на преговорите со Република Северна Македонија се меѓу приоритетите и дека Португалија ќе направи се првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи во првата половина на 2021 година.

Премиерот Заев ги сподели и очекувањата од сеопфатниот Економски и инвестициски план за Западен Балкан на Европската Комисија, кој ќе мобилизира финансирање до 9 милијарди евра за инвестиции во областите на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција, за да создаде одржлив раст и работни места, поттикнувајќи го економскиот развој на земјата во постковид периодот што следува.

Премиерот Заев на состанокот со ЕУ амбасадорите изразил благодарност за поддршката на Брисел за вклучување на земјите од Западен Балкан во набавката на вакцини против КОВИД-19, и изрази очекување дека ќе има забрзување на оваа постапка како знак на континуитетот и солидарноста во справувањето со пандемијата.

-Едногласната поддршка на амбасадорите на земјите членки на ЕУ за јасната перспектива на Северна Македонија како членка на ЕУ на состанокот е најсилната мотивација за нашите реформи за да ги донесеме европските вредности дома, рече премиерот Заев на редовниот годишен состанок со шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во нашата земја, стои во соопштението./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ