• Latest

Битиќи – Деспотовски: 2021 година ја започнуваме со нова инвестиција во ТИРЗ

January 20, 2021
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи – Деспотовски: 2021 година ја започнуваме со нова инвестиција во ТИРЗ

January 20, 2021 13:38
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Компанија Ипротекс и Дирекцијата за технолошко индустриски зони, денес го потпишаа договорот за државна поддршка, со кој оваа германска компанија, дел од групацијата Innotech & Iprotex, се обврза на инвестиција од 5 милион евра и отворање  на минимум 30 работни места во ТИРЗ Скопје 1“, соопштува од Влада.

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, зборувајќи на настанот на кој беше потпишан договорот за државна помош, истакна дека оваа инвестиција е една позитивна искра која означува почеток на нов инвестициски бран којшто ќе биде од особено значење за развојот на нашата земја.

„Верувам дека оваа компанија ќе биде само една од многуте компании кои ќе реализираат нови инвестиции во оваа 2021 година. Сведоци сме дека во 2020 година како насекаде во светот, така и кај нас, кризата имаше одредено негативно влијание, кое предизвика одредено забавување или пролонгирање на инвестициските циклуси на компаниите. Сепак, оваа криза, покрај тоа што мораме да ја сметаме за голем предизвик, треба да ја разгледуваме и како огромна можност“, рече Битиќи и додаде дека во 2020 година, Владата покрај мерките со коишто им помагна на оние најзагрозените стопанските субјекти и индивидуални граѓани, креираше и спроведе низа на мерки со коишто се стимулираа компаниите да инвестираат во нови технологии, дигитализација, во унапредување на производствените процеси, во проширување на асортиманот на производи, отворање на нови работни места, односно во подигнување на нивната конкурентност на домашниот и меѓународните пазари.

„Дозволете ми да потсетам дека ние не седевме со скрстени раце кога станува збор за стимулирање на компании да инвестираат. Оваа година регистрираме рекордно висока директна поддршка за компаниите во износ од околу 63 милиони евра. Го спроведовме Јавниот повик за зголемување на конкурентноста на компаниите, преку кој со над 17 милиони евра,  поддржавме 400 инвестициски проекти на компании кои вложиле во кризата. Воедно преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, преку мерките од Планот за економски раст, со 11,6 милиони евра, поддржавме 140 домашни компании кои инвестирале во 2019 година и тоа во 100% од оправданите инвестициски трошоци, што е за првпат откако Законот се спроведува. За странските компании кои функционираат во зоните и надвор од нив, преку мерките за кои имаме склучено договори, во 2020 година на 37 компании имаме исплатено 25,6 милиони евра поддршка. Тука се и инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој кои се спроведуваат континуирано, а само во 2020 година, со околу 8,5 милиони евра, директно се подддржани 266 компании, во голема мера микро, мали и средни компании. Сето ова, ни дава една позитивна слика дека и покрај сите пречки, Владата навистина вложува во развојот на компаниите, во равојот на човечкиот потенцијал, во креативноста, иновативноста и продуктивноста а со тоа и индиректно во подобар живот на граѓаните“, потенцираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, посочи дека станува збор за прва инвестиција за 2021 година, скромна по обем, но важен чекор во однос на реализација на инвестициските планови. Тој додаде дека се воведувени и нови механизми за отвореност и нови практики во функционирањето на ДТИРЗ.

„За првпат презентираме планови и делови од државна помош која за оваа компанија ќе биде до 50% од реализираните инвестициски трошоци и субвенции со удел од 20 %, како и даночни и царински ослободувања.  Кај оваа компанија имаме значително поместување во однос на платите. Просечната плата која Ипротекс веќе им ја исплаќа на вработените е 10% над просечната плата во ТИР зоните, и 11% над просекот во преработувачката индустрија. Нашата цел е зголемување на платите на работниците ангажирани во индустриските зони за 30% до 50%  до 2024 преку зголемена продуктивност на трудот. Со странските инвеститори веќе разговараме за сет мерки со кои ќе инвестираме во  програми и вештини кои се насочени директно кон луѓето, а ќе придонесат кон продуктивност на компаниите“, нагласи директорот на ДТИРЗ Деспотовски.

Управителот на Ипротекс во Северна Македонија, Блаже Левовски изрази благодарност и задоволство од соработката со Дирекцијата за ТИРЗ и Владата и се осврна на историјатот на компанијата.

„Фирмата Ипротекс е формирана со седиште во Германија од 1999 година. Има 6 фабрики коишто се на 4 различни континентни, 2 продажни претставништва. Компанијата се занимава со изработка на материјали за автомобилската индустрија, за технички текстил и термоизолациони материјали. Со оглед на тоа што автомобилската индустрија е во голем подем и се бараат алтернативни решенија за фосфорни горива, исто така ни дава за право да се надеваме и да ги проектираме нашите планови на долгорочно ниво. Одлуката за инвестицијата во Република Северна Македонија е донесена на база на нашите клиенти, а ние имаме стратегија да се доближуваме колку што е можно повеќе до нашите клиенти. Нашата компанија во последно време работи на истражување и усовршување на некои нови техники за термо-техничка изолација на автомобилската индустрија и исто така во поново време, минатата 2019 година е воспоставен нов договор со Европската вселенска агенција и со НАСА за изработка на обвивки за сателитските приемници на вселенските летала“, објасни управителот на Ипротекс Левовски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ