• Latest

Трамп заминува од Белата куќа со багаж од длабоки политички поделби и 400 илјади жртви од пандемијата

January 20, 2021

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025

Реакции: Банките нетранспарентни и нефлексибилни; Најголеми лихвари заштитени со закон

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп заминува од Белата куќа со багаж од длабоки политички поделби и 400 илјади жртви од пандемијата

January 20, 2021 14:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп заминува од функцијата по бурниот четиригодишен мандат за време на кој двапати беше отповикан во Долниот дом на парламентот и чиј мандат го обележаа длабоки политички поделби и пандемија што однесе 400.000 животи во државата.

Трамп (74) ќе се збогува со Белата куќа неколку часа пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател, демократот Џо Бајден како првиот претседател од Ендру Џонсон во 1869 година кој нема да присуствува на инаугурацијата на неговиот наследник, бидејќи не може да го прифати фактот дека е поразен.

Трамп и неговата сопруга Меланија ќе заминат со хеликоптер до базата Ендрјус во Мериленд, 24 километри од Белата куќа, од каде со претседателскиот авион „Ер форс уан“ одат во неговиот клуб Мар-а-Лаго на Палм Бич пред официјалното истекување на мандатот напладне.

Избркан од Твитер по крвавиот напад на неговите приврзаници на Капитол на 6 јануари, Трамп вчера го искористи стариот метод, соопштение за јавноста преку е-пошта, за да дистрибуира проштално видео во кое се воздржува од вообичаената агресивна реторика и испрати позитивна порака.

„Сега повеќе од кога било, мора да се обединиме околу нашите заеднички вредности и да се издигнеме над фракционата омраза и да ја изградиме нашата заедничка судбина“, рече тој. Бајден не беше споменат во неговиот говор во видеото.

Трамп се соочува со тешката задача да го врати својот имиџ сериозно нарушен од бурното претседателствување, особено во последните месеци. Тој има единствено место во историјата како единствен претседател кој беше двапати отповикан во Долниот дом на парламентот.

Дури и откако ќе ја напушти функцијата, Сенатот ќе му суди под обвинение за поттикнување бунт потврден од Претставничкиот дом во кој демократите имаат мнозинство. Исходот ќе утврди дали тој ќе биде дисквалификуван повторно да се кандидира за претседател.

„Тој ќе биде безначаен претседател, претседател во еден мандат кој направи повеќе штета отколку добро“, рече историчарот Даглас Бринкли, експерт за претседателите на САД во изјава за Си-Ен-Ен.

До последниот ден на функцијата Трамп тврдеше дека му се украдени изборите одржани на 3 ноември минатата година.

Судовите ги отфрлија неоснованите обвинувања од неговите адвокати укажуваа за широко распространета изборна измама додека неговиот потпретседател Мајк Пенс ја предводеше потврдата за победата на Бајден во Конгресот и покрај неговите протести, бидејќи неговите приврзаници беа протерани од Капитол по крвавиот напад.

Вашингтон, од кој заминува Трамп, го чуваат денеска 25.000 припадници на Националната гарда, додека дел од градот е затворен за јавноста поради закани за насилство од групи што го нападнаа Капитол.

Фокусиран на поништување на изборните резултати, Трамп не успеа да го задржи растечкиот број на жртви од коронавирусот, кој досега однесе животи на 400.000 луѓе во земјата, најмногу во светот, додека милиони останаа без работа.

Трамп, поранешен магнат во недвижнини, кој поседува 17 терени за голф низ целиот свет, се соочува со голем предизвик да ја изгради повторно својат расипан бренд.

Њујорк Тајмс напиша дека многу од неговите летувалишта губат милиони долари и дека мора да врати стотици милиони долари долг во рок од неколку години. Трамп исто така мора да одлучи како ќе остане во политиката како што најави. Тој спомена дека преку политички комитет кој собира политички донации, тој може да ги поддржи кандидатите кои ќе се обидат да ги симнат републиканците кои го предадоа политички.

Сепак, само времето ќе покаже дали тој ќе го задржи влијанието во Републиканската партија.

„Би се осмелил да предвидам дека во не толку далечна иднина, американските политички кандидати ќе бидат помотивирани да посочат дека тие не се како Трамп отколку кандидатите кои по 1974 година истакнаа дека не биле како Никсон“, вели историчарот Мајкл Бешлос. Никсон поднесе оставка во 1974 година поради скандалот Вотергејт./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ