• Latest

Филипче: Нема пречка за увозот на вакцините од Србија, ќе стигнат со интервентен увоз

January 21, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Нема пречка за увозот на вакцините од Србија, ќе стигнат со интервентен увоз

- Планот за вакцинација е подготвен. Спремни сме со нашата инфраструктура, фрижидерите веќе се инсталирани и може да се складира огромна количина на вакцини. Во моментот кога ќе пристигнат вакцините имаме план по којшто ќе постапуваме, здравствените работници се први, истакна Филипче.

January 21, 2021 16:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Откако српската премиерка, Ана Брнабиќ во интервју за српската телевизија „Хепи“ рече дека вакцините на „Фајзер“ не биле регистрирани во Македонија и дека тоа е проблем за испораката, министерот за здравство, Венко Филипче вели дека не постои законска пречка за прием на вакцините против Ковид-19 во нашата земја и дека првите дози на вакцината „Фајзер“ која е договорена во директни преговори со производителот, како и 8.000 дози вакцини кои од Република Србија треба да пристигнат во нашата земја со интервентен увоз.

– Измената на Законот за лекови е поради глобалната политика на „Фајзер“ кои инсистираа апликант за регистрацијата на вакцината да биде нивното претставништво кое е со седиште во Холандија, одговорно за овој дел на Европа, рече Филипче.

Тој посочува дека Србија е единствената земја во целиот регион каде има локално претставништво на „Фајзер“ и тоа на некој начин им ги забрза работите.

– Но, и тоа не е пречка свесни дека е таква нашата законската регулатива, производителот „Фајзер“, се согласи првите количини вакцини кои ќе дојдат во нашата земја и преку директниот договор, но и преку помошта од Србија да дојдат со т.н интервентен увоз, за што има законска регулатива и за тоа не треба регистрација, вели Филипче.

Производителот „Фајзер“, потенцира министерот, на нашата земја и излезе во пресрет, несакајќи да се забави динамиката на пристигнување на вакцините.

– Со оглед на тоа што инсистираат регистрацијата да се случи кога тогаш, несакајќи да ја забават динамиката на пристигнување на вакцините, се согласија тоа да биде за следните количини, во следните месеци поради тоа што ние поднесовме измена на Законот за лекови во Собранието за да овозможиме, оваа конкретна вакцина да се регистрира преку апликант кој не е регистриран како компанија во нашата земја, појаснува Филипче.

Што се однесува до испораката на вакцините од Република Србија, Филипче нагласува дека во моментов се чека одобрување од компанијата „Фајзер“ за интервентен увоз.

– Во интензивна комуникација сме со компанијата изминатите два дена, паралелно на нашите разговори во врска со нашиот директен договор, сега се чекаат и фајловите за да се дозволи таа количина од Србија да биде пратена во нашата земја. Тоа значи дека компанијата „Фајзер“ води сметка за буквално сите количини кои ги дистрибуира во земјите, дали и на кој начин евентуално се препраќаат во некои други земји, додава министерот.

Во врска со измените на Законот за лекови, како што информираат од Министерството за здравство, Филипче изминатиов период имал средби со пратеници на опозицијата кои во разговор со него изразиле поддршка и конструктивност за измените на Законот.

Што се однесува до вакцините кои во земјава треба да стигнат преку Ковакс механизмот, министерот посочува дека на 29 јануари ќе има состанок со претставниците од тој систем кога се очекува да добие информации кога и во кои количини вакцини ќе стигнат во нашата земја.

– Здравствениот систем и сите други институции во државата се подготвени за процесот на вакцинација. Ние сме целосно спремни. Утрово имав состанок со директорот за Агенцијата за лекови (МАЛМЕД), тамошните служби се целосно спремни да ги пречекаат документите, да ги издадат потребните формулари, административни. Укажавме на директорот на Царината и во таа служба се спремни вработените сите постапки да се завршат во најкраток временски рок. Ние сме спремни со нашата инфраструктура, фрижидерите веќе се инсталирани, може тука да се складира огромна количина на вакцини. Подготвен е и планот за вакцинација. Секако здравствените работници се први. Така што во моментот кога ќе пристигнат вакцините имаме план по кој ќе се постапува, истакнува Филипче.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија сака да им помогне на околните земји во однос на вакцинацијата против коронавирусот, потсетувајќи дека претседателот Александар Вучиќ и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, се договориле Србија да и помогне на С. Македонија со 8.000 дози.

Брнабиќ изрази уверување дека вакцината од ЕУ ќе дојде не само во Србија, туку и на целиот Балкан, потсетувајќи колку е тешка ситуацијата за борбата за вакцините.

– Србија помага и во регистрирањето на вакцините во Северна Македонија и на таа соседна земја и е понудено лекарите од црвената зона да дојдат во Србија и да се вакцинираат тука, кажа Брнабиќ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ