• Latest

Пендаровски: Ако постои работа што треба да не исплаши од пописот, тоа е бројката на иселени граѓани

January 29, 2021
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Ако постои работа што треба да не исплаши од пописот, тоа е бројката на иселени граѓани

January 29, 2021 14:56
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Успешноста на една држава се мери според способноста да се справи со бројните економски, социјални, здравствени, еколошки и образовни ефекти од пандемијата. Еден од главните елементи што е неопходен за успешни политики е токму реалната слика за бројноста на населението и неговата економска, образовна и социјална структура. Не постои друг начин за добивање на реална слика освен преку пописот како статистичка операција кој е предуслов за секоја организирана држава да може да го планира својот развој. За жал, од познати причини речиси 20 години ние ги немаме тие витални статистички параметри.

Ова го истакна шефот на држвата Стево Пендаровски на денешиот состанок на држваниот врв и градоначалниците организиран од Државниот завод за статистика за координација во врска со претстојниот попис. Тој нагласи дека поради бранувања во јавноста за пописот, пред да го потпише Указот за прогласување на Законот се консултирал со претставници на релевантните државни институции, истакнати домашни но и меѓународни експерти во областа, вклучително и од Еуростат и нивниот начелен став бил дека одредбите во законот не отстапуваат од стандардните меѓународни норми и принципи и од праксата при организирање на пописите во најголемиот број членки на ЕУ.

-Затоа сум длабоко убеден дека самото законско решение не претставува пречка за коректно изведување на пописот. Исто така, уверен сум дека Државниот завод за статистика има доволно знаење, искуство и ресурси да ја спроведе оваа важна статистичка операција на професионален начин, почитувајќи ги притоа сите препораки и мерки за заштита од КОВИД-19, рече Пендаровски.

Според него, проблемите поврзани со пописот не се ниту законски, ниту уставни, ниту технички, ниту здравствени, а најголемиот предизвик при неговата имплементација може да биде само непотребната политизација која во јавноста се креира извесен период наназад.

-Оваа политизација ги вклучува повиците за бојкот на пописот, лицитирање за процентуалната застапеност на заедниците и најавите дека нема да бидат прифатени резултатите доколку не отсликуваат нечија посакувана бројка. Иако доаѓаат од различни страни, сите обиди за политизација имаат еден заеднички именител. Имено, сите се рефлексија на стравот од резултатите од пописот. Според мене, тој страв произлегува од погрешното разбирање на концептот на човековите права како наводно, збир на привилегии што некој некому му ги дава или му ги одзема. За жал, точно е дека на Балканот правата на луѓето сè уште се гледаат низ етничка призма и пописот не се перцепира како статистичка операција, туку како политички проект. Затоа, кога се пребројуваме во регионот ние сè уште веруваме дека силата е во бројките и дека само од тие бројки зависат нашите права. Тоа е и главната причина зошто речиси 20 години немаме организирано попис и зошто го прекинавме во 2011-та. Но, човековите права и слободи не се привилегии што можат да се изгубат или одземат во зависност од нечија волја. Во една демократска држава со европска иднина, стекнатите права не смеат да се одземаат, туку само да се зголемуваат, и тоа треба да важи за сите граѓани, независно од нивната бројка, истакна претседателот Пендаровски.

Во таа смисла, додаде тој, политизацијата на пописот е само дефокусирање од реалните проблеми со кои се соочуваат македонските граѓани, а, тие се најмногу во економско-социјалната сфера, владеењето на правото, и како нивна последица – иселувањето.

-Ако постои една работа која што навистина треба да не исплаши од овој попис сите нас, тоа е бројката на иселени граѓани, бројката на млади луѓе кои засекогаш ја напуштиле државата во потрага по подобар живот за себе и за своите семејства. Тоа претставува една од најголемите закани за иднината на Република Северна Македонија. А се иселуваат граѓани од секоја етничка и верска припадност. Се иселуваат од сите општини, од сите градови и села. Негативните ефекти од иселувањето најдиректно се чувствуваат токму на локално ниво, рече претседателот на државата, вели Пендаровски.

Точно е, вели дека претстојниот попис ќе не соочи со нашите најголеми стравови. Но, тоа не се стравови од другиот, различниот, туку стравови за тоа колку всушност малку не има во нашата заедничка држава.

-Но, токму тоа соочување со реалноста ни е апсолутно неопходно за да ни помогне конечно да се фокусираме на реалните проблеми. Наместо да влегуваме во непотребни меѓусебни расправии и обвинувања за тоа во чие време се иселиле повеќе граѓани, треба заеднички да бараме решенија за намалување на иселувањето. Пописот е исклучително важен за димензионирање на политиките, проектите и буџетите и на централно и на локално ниво. Од овие податоци зависи каква инфраструктура ни треба, колку градинки, училишта и болници му се реално потребни на секое населено место. Резултатите ќе влијаат и на коригирање на урбанистичките планови за да ги отсликуваат објективните потреби на резидентното население. Конечно, пописот ќе им помогне на институциите на централно и локално ниво подобро да си ја вршат својата функција во служба на сите граѓани, нагласи Пендаровски.

Според него, потребен ни е попис чии резултати нема да бидат оспорувани, а предуслов за тоа е да имаме политички консензус дека независно од резултатите, ничии права нема да бидат загрозени или одземани.

-Во повеќе наврати реков дека пописот ќе го деполитизираме само ако сите релевантни политички фактори упатат, јасни и недвосмислени пораки до македонските граѓани, во оваа насока. Ниту една демократска држава не може да напредува ако на своите граѓани од која било заедница им ги одзема стекнатите права. Секој таков обид може само да ги продлабочи поделбите во македонското мултиетничко општество. Затоа, да повторам уште еднаш – ако нешто зависи од резултатите на пописот, тоа не се правата на граѓаните, туку, идниот развој на државата.

Ги повика градоначалници да упатат токму такви пораки до жителите во нивните општини и дека ефектите од добро спроведен попис најмногу ќе ги почувствуваат токму граѓаните на локално ниво.

-Од вашата подготвеност да работите во оваа насока ќе зависи дали резултатите од пописот ќе се користат за проектирање на развојни стратегии и политики за доброто на сите граѓани, или ќе бидат уште една причина за продлабочување на поделбите и на локално ниво. Лично очекувам сите ние, политичките претставници на граѓаните, да бидеме на висина на историскиот предизвик кој е поставен пред сите нас. Организирањето на кредибилен попис ќе биде и тест за нашата зрелост како држава. Ако го спроведеме со сите нишани, како што доликува на една сериозна држава, овој попис ќе ни помогне да ја обновиме довербата на граѓаните и во централните и во локалните институции, но и меѓусебната доверба на граѓаните, независно од нивната етничка припадност. При тоа, една работа да ни биде јасна: одговорноста да не ја бараме кај граѓаните, одговорноста е кај нас, политичарите. Ние мора да покажеме дека 30 години по 8 септември 1991-та, имаме конечно созреано како држава и дека ја заслужуваме независноста во чии темели имаат вложувано генерации борци за слобода и човекови права, децении пред нас, порача претседателот на државата Стево Пендаровски./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ