• Latest

Јавната расправа за концепцијата за основно образование в петок на матичната собраниска комисија

February 3, 2021

Од „Нежната сингуларност“ до „веќе сме во неа“: Една година подоцна, Алтман ја надградува пораката, суштината останува иста

July 28, 2026
Сем Алтман, ТЕД, 2025 (фото извор: Википедија)

Нежната сингуларност

July 28, 2026

Демократијата се дави во дигиталниот шум

July 28, 2026
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност за над 4.000 затруени граѓани сè уште нема

July 27, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Неписмени дипломци

July 27, 2026

Кога и цртањето на табла не помага

July 27, 2026

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026

Предупредување

July 26, 2026

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јавната расправа за концепцијата за основно образование в петок на матичната собраниска комисија

February 3, 2021 12:18
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

В петок напладне, на матичната Комисија за образование, наука и спорт, е закажана јавната расправа за нацрт-концепцијата за основно образование. Министерката Мила Царовска денеска изјави дека таму ќе се сублимират сите ставови, ќе се изнесат забелешките и сугестиите кои стигнале до МОН за да се утврди што е конструктивно и прифатливо  и да се унапреди концепцијата.

– На дебатата ќе се искажат можеби спротивставени ставови и ќе излеземе во јавност што конечно е прифатливо, што не е од забелешките, и мислам дека заеднички ќе донесеме став по ова прашање. Понатаму веќе влегуваме во фаза на усвојување и подготовка на наставните програми коишто се најзначајни, затоа што концепцијата е само прв чекор, истакна Царовска.

По електронска пошта до МОН, до рокот (20 јануари) стигнале 30-ина предлози за нацрт-концепцијата, потоа имало и дополнителни и сите, рече таа, ги разгледуваат и ги прифаќаат се додека трае дебатата со сите засегнати страни во овој процес.

Во однос на државната матура, за која Средношколскиот сојуз бара поддршка од пратениците во Собранието за измени на Законот за средно образование со кои ќе се овозможи нивното барање за кратење на предметите од четири на два, министерката одговори дека законот е јасен и за оваа генерација државната матура ќе се спроведе според актуелниот концепт.

– Не гледам како не би го испочитувале законот кога ниту имаме вонредна состојба, ниту имаме можност на владини седници да донесуваме вакви одлуки. Законот е јасен и дециден за спроведување на државната матура зашто таа е услов за запишување во високото образиование. Сите кои не сакаат да ја полагаат, може да полагаат училишна матура со два предмета и може да полагаат стручен испит во стручните училишта, и на тој начин да го заокружат своето средно образование. Тоа е задолжително во нашата држава, а државната матура е избор, истакна  Царовска, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Математичко-информатичката гимназија.

Во однос на тврдењето дека наставата се уште е во исти услови (онлајн) како и за минатогодишните матуранти, кои беа ослободени од државната матура, Царовска одговори дека оваа година наставата во континуитет се одвива со двонасочна комуникација помеѓу наставниците и учениците и  првото полугодие завршило успешно.

Посочи дека МОН има обврска да го оствари правото на над 14 илјади матуранти кои сакаат да ја полагаат државната матура и во законскиот рок ги пријавиле предметите по кои ќе бидат тестирани. Ретроактивно процесите, рече, не може да се вратат, но МОН ќе работи на нова концепција за државна матура за наредната генерација и за нејзиното подготвување ќе ги усогласува  ставовите заедно со Сојузот на средношколците.

Министерката Царовска денеска ја посети Државната математичко-информатичка гимназија, новото средно училиште во Скопје кое почна да работи од септември, по повод опремувањето лабораторија со компјутери донирани од „Уни банка“, што ќе им помогне на учениците во  стекнување знаења и вештини во областа на математика, информатика и физика./МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ