• Latest

Заев прифаќа пописот да се одржи во јуни, Мицкоски преку ДИК ќе го оспорува Законот за попис

February 3, 2021
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев прифаќа пописот да се одржи во јуни, Мицкоски преку ДИК ќе го оспорува Законот за попис

February 3, 2021 16:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Го видов и предлогот на Претседателот на државата, пописот да се одложи некој месец. Сé е вредно за размислување. Но знаеме дека во лето не се спроведува попис, септември е кампања, октомври се локалните избори. Да размислиме ако се одложи да завршиме до средина на јуни. Но, еве гледаме дека опозицијата го одбива и тоа“, рече претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за различните ставови на власта и опозицијата околу претстојниот попис. Toj изрази задоволство дека сите чинители во општеството се со став дека пописот е неопходен, и дека конечно после 20 години мора да се спроведе.

Премиерот Заев се осврна на инклузивниот пристап на власта во целиот процес и на фактот дека беа разгледани сите предлози кои ги понуди опозицијата, како што е предлогот за отпечаток од прст, како и предлогот за електронски попис.

Одговарајќи на прашањето, тој уште еднаш ја истакна важноста од спроведување на статистичката операција, попис.

„Најмалку што може да направиме за својата земја во поглед на ова прашање е да бидеме одговорни сите. Пописот ниту скратува права, ниту дава нови права. Ниту нешто ќе промени, ниту некои драми ќе се случат. Податоци ни требаат за развој на државата, за да знаеме колкави се регионите со невработеност, каде има локации за нови индустриски зони, за развој на нови економски политики, отворање на нови работни места. Ни требаат податоците како леб од секој можен аспект. Ако е прашање за фрустрацијата, дека некој не успеал да направи, а сега некој ќе успее, јас уште сега објавувам дека е заеднички успех пописот што заедно ќе го спроведеме. Мислам на власт, на опозиција, извршна власт, Претседател на држава, Парламент, заеднички ќе биде успехот. Но, должност е да се учествуваме во пописот сите“,  подвлече премиерот Заев.

Премиерот Заев, уште еднаш апелираше за вклучување на најголемата опозициска партија во оваа одговорна операција затоа што последиците од било какви девијантни појави од неодговорно однесување посебно на големи политички субјекти може да бидат непоправливи.

„Не држи тврдењето дека за време на пандемија не се прави попис. Како за време на пандемија се собираат потписи? Како имавме успешни избори? Имавме и локални избори успешни. За пописот е должност на сите да застанеме заедно“, заклучи премиерот Заев.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски по вчерашната најава дека ВМРО-ДПМНЕ го започнуваат процесот на собирање потписи за оспорување на законот за попис, денеска до Државната изборна комисија ги доставија потребните 100 потписи за стартување со процедурата.

„Апелираме на разум, доколку разум не постои, да биде пописот одложен за 2022 година. Апелираме до Владата и до надлежните во парламентот да го прифатат предлогот на опозицијата за електронски попис. Не го изложувајте здравјето на граѓаните. Не бевте способни да го заштитите, не бевте способни да донесете вакцини за тие кои што сакаат да го заштитат здравјето вакцинирајќи се, да им го овозможите тоа, овој пат барем направете електронски попис“, истакна Христијан Мицкоски.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ