• Latest

Потпишан договорот за набавка на 200.000 кинески вакцини, ќе пристигнат до крајот на месецов

February 8, 2021

Зеленски во Вашингтон: Одбранбена автономија, нови санкции и разбивање на руските хибридни операции

July 29, 2026

Оленивка: Масакрот врз украинските заробеници, руските лаги и четири години борба за правда

July 28, 2026

Од „Нежната сингуларност“ до „веќе сме во неа“: Една година подоцна, Алтман ја надградува пораката, суштината останува иста

July 28, 2026
Сем Алтман, ТЕД, 2025 (фото извор: Википедија)

Нежната сингуларност

July 28, 2026

Демократијата се дави во дигиталниот шум

July 28, 2026
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност за над 4.000 затруени граѓани сè уште нема

July 27, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Неписмени дипломци

July 27, 2026

Кога и цртањето на табла не помага

July 27, 2026

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Потпишан договорот за набавка на 200.000 кинески вакцини, ќе пристигнат до крајот на месецов

February 8, 2021 12:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче го потпиша Договорот за набавка на вакцини против Ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“. Со Договорот, Република Северна Македонија од кинеската компанија „Синофарм“ обезбедува 200 000 вакцини кои ќе пристигнат овој месец. Точниот датум на пристигнување и сите информации поврзани со испораката се очекува да биде утврден во следните денови, соопшти Министерството за здравство.

Почитувајќи ја одредбата од договорот за тајност, а во согласно со глобална политика на сите компании за производство на вакцини, вклучително и на „Синофарм“, податоците што ги содржи договорот остануваат доверливи, посочуваат од Министерството и додаваат дека вакцините од Кина во земјава ќе пристигнат на аеродромот во Скопје.

Направен е детален план за транспорт на вакцината од аеродром до економските оператори (веледрогерии) кои се задолжени за складирање на количините, а потоа и план за дистрибуција до вакцинални пунктови каде ќе се спроведува вакцинацијата. Изминатата недела се вршеа премери на волуменот на ладните соби за чување, а се вршеше и проценка на капацитетите за складирање на целата количина. Вакцината на „Синофарм“ се чува и дистрибуира на температура од 2 до 8 степени, а вакцините се пакувани во формулација на претходно наполнет шприц, што ја олеснува и самата апликација на вакцината.

Овој тип вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста, поради тоа може да се даваат на сите граѓани, без ограничување по било кој основ. Конкретно за оваа вакцина на „Синофарм“, термините за вакцинација во јавните здравствени установи ќе бидат на 10 минути, по пациент. Јавните здравствени установи ќе работат во две смени со цел да се постигне што повисока стапка на вакцинација на дневно ниво. Според Наицоналниот план за вакицнација против Ковид-19, први ќе се вакцинираат здравствените работници од ковид – центрите, матичните лекари и останатите вработени во матичните ординации, вработените во Итна помош и други здравствени работници опфатени во првата група од Фаза 1, како и возрасните граѓани над 70 години.

Сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните. Производителите на вакцини имаат документи од нивните национални агенции, а некои производители дополнително се регистрирана и од европското и американското регулаторно тело за квалитет на лекови.

Воведување на Ковид-19 вакцинација ќе одигра клучна улога во намалување на штетните ефекти врз здравјето на популацијата и општеството воопшто, јакнење на колективниот имунитет во услови на пандемија. Имунизацијата е силно оружје во борба со коронавирусот, но и покрај тоа здравствените мерки за лична заштита задолжително треба и понатаму да се почитуваат, стои во соопштението од Министерството за здравство.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ