• Latest

Надлежните истражуваат каква е состојбата со ископ на песок во скопско Коњаре и какво влијание има врз животната средина

February 8, 2021

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Надлежните истражуваат каква е состојбата со ископ на песок во скопско Коњаре и какво влијание има врз животната средина

February 8, 2021 14:10
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и директорката на Инспекторатот за животна средина, Ана Петровска денеска беа во скопско Долно Коњаре, општина Петровец. Тие ја посетија локацијата каде се врши ископ на песок и чакал, апелираа да се почитуваат на законите и најавија дека ќе продолжи собирањето докази за овој случај.

Вицепремиерот Николовски изрази поддршка на Инспекторатот за животна средина и на Министерството за животна средина и просторно планирање, кои ги преземаат сите мерки и активности во рамки на своите надлежности за испитување на секој случај, па и за овој во скопско Коњаре. Информира дека како координатор на инспекциските служби преку Владата детално е запознаен со целиот случај од страна на ресорното министерство и надлежниот Инспекторатот се со цел, како што рече, детално и длабински да се истражи случајот и да се постапи согласно законските норми.

-Никој во државата не смее и не треба да е над законот. А пред сè нашата улога е да ги заштитиме овие луѓе, населението и сето она што природата и државата нам ни го дала и затоа мораме детално да ги испитаме сите активности, нагласи Николовски.

Најави дека и во иднина ќе продолжат активностите на Инспекторатот и додаде оти добро е јавно, транспарентно и на терен да се соопшти и да не се крие за ниту еден случај.

-Законите мора да се почитуваат. Никој не смее да се поставува над законот, мора да има ред и дисциплина, особено кога се работи за нешто што влијае врз загрозување на животната средина и врз безбедноста и здравјето на сите луѓе, овде, но и во целата околина, рече Николовски. Посочи дека заштитата на животната средина и условите за живот во секој регион во нашата држава е меѓу врвните приоритети на Владата, по прочистување на судството и по борбата против корупција и организиран криминал.

Министерот Насер Нуредини изјави дека внимателно истражуваат каква е состојбата во Коњаре и какво влијание има концесијата врз жителите и животната средина.

-Нашата институцијата е надлежна за заштита на водите во рамки на целокупната заштита на животната средина, но тоа не било случај и пред десет години. Затоа сега внимателно ја проверуваме состојбата со можните влијанија врз водните ресурси и ги изнаоѓаме начините за санирање на евентуалните последици од различните практики низ годините. Иако некои активности и дејности поинаку биле регулирани во минатото, и можеби своевремено биле согласно прописите, мораме да ја погледнеме и фактичката состојба на терен, во случаите како овој, рече Нуредини.

Според него, потребно е сите релевантни институции координирано и проактивно да се заангажираат за соодветен одговор. Информира дека соработуваат со Министерството за економија кое ја издало дозволата за, како што рече, да се провери дали развојот на стандардите и барањата за заштита на животна средина од тогаш биле соодветно адресирани од компанијата.

-Работиме и со Државниот инспекторат за животна средина за начините на кои ќе можеме соодветно да ја провериме и адресираме состојбата со водите на терен, преку инспекторите за животна средина, соработуваме и со техничката инспекција која е надлежно тело за овие концесии. Оваа координирана активност меѓу министерствата, инспекторатите и релевантните стручни лица и управи е добар пример како треба да се работи на сите прашања во земјата доколку сакаме да се имплементираат потребните еколошки стандарди, рече Нуредини.

Според него, случаите како овој се добар показател за да може да се ревидираат, ажурираат, да се споредуваат податоците, да се подобрат политиките за заштита на животна средина, доколку е потребно. Нуредини информира дека ја разгледувале можноста за лимитирање на важноста на елаборатите за животна средина за проектите и начините на обезбедување поголема можност за подобра проверка на инспекторите. Нагласи дека ги очекуваат податоците од сите инспекторати за, како што рече, да донесеме правилна одлука.

Директорката на Инспекторатот за животна средина Ана Петровска информира дека Државниот инспекторат за животна средина на 21 јануари 2021 година изврши координиран инспекциски надзор со Државниот инспекторат за техничка инспекција над правниот субјект ЕУРО ПРОГРЕС ДООЕЛ во село Долно Коњаре, општина Петровец. Правното лице ископува песок и чакал. таа соопшти дека по утврдување на фактичката состојба при посетата на терен, доставен е допис до Управата за хидрометеоролошки работи заради добивање дополнителни информации.

Притоа констатирани се неколку недостатоци, како дека концесијата е издадена спротивно на Законот за води, односно дека границите на концесијата се во зоната на плавење на реката Пчиња, што впрочем може да се види и на терен, а утврдена е уште една недоследност при доделувањето на Дозволата за експлоатација во 2019 година.

Таа најави дека Државниот инспекторат за животна средина ќе продолжи со собирање докази со цел преиспитување на Договорот за концесија, односно Дозволите за експлоатација. Најави деќа ќе ги известат министерствата за економија и за животна средина и просторно планирање за индициите околу прекршувањето на Законот за води.

Одговарајќи на новинарско прашање, Петровска рече дека во оној момент кога ќе ги имаат доказите ќе може да зборуваат за тоа кој и во кој момент го прекршил законот. Појасни дека се работи за процес кој се спроведувал во 2010 година, кога Законот за води само што почнал да се применува.

– Ќе ги испитаме сите околности под кои ова се случувало. Ние како Инспекторат не верувам дека ќе навлегуваме во кривични постапки, но има други институции, како Комисијата за спречување на корупцијата…, рече Петровска.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ