• Latest

Обединет Балкан за чист воздух: Аерозагадувањето е една од причините за зголемена смртност и повисоки здравствени трошоци

February 18, 2021

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
Пожар избувна од рафинеријата за нафта Кириши во руската Ленинградска област по пријавениот украински напад со беспилотни летала на 14 септември 2025 година. Фото: Генералштаб на украинската војска/Телеграм

Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија во Ленинградската област, клучната единица го запре производството

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го ескалира бомбардирањето, министерот за одбрана вели дека „Газа гори“

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Обединет Балкан за чист воздух: Аерозагадувањето е една од причините за зголемена смртност и повисоки здравствени трошоци

February 18, 2021 13:07
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Аерозагадувањето ги скратува нашите животи, а некогаш и ни ги одзема. Поради неговите последици одиме почесто на доктор за да се лекуваме од разни респираторни заболувања. Лошиот квалитет на воздухот е една од причините за зголемена смртност, пократок животен век и повисоки здравствени трошоци на граѓаните од западен Балкан, укажуваат балканските еко-организации преку Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“.

„Последиците од аерозагадувањето најмногу влијаат на граѓаните со понизок социоекономски статус, кои често повеќе се изложени на тоа, бидејќи живеат во области со голем интензитет на сообраќај и близу до извори на загадување како што се електрани и индустриски капацитети. Исто така, претежно сиромашните луѓе се оние кои работат тешка работа со професионална изложеност на гасови, честички, гасови и тешки метали. Кога врз сето тоа ќе се земат предвид и климатските промени кои предизвикуваат дополнително загадување, ваквите услови за живот резултираат со пократок животен век, што особено ги погодува постарите лица и децата на возраст под пет години“ велат еко-активистите.

Според нив, спречувањето на болести предизвикани од слаб квалитет на воздухот мора да стане составен дел од политиките за животна средина и здравствена заштита.

Меѓу другото, тие потенцираат дека Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија наведува дека загадувањето на воздухот на западен Балкан, го скратува животниот век на граѓаните во просек од 0.4 до 1.3 години. Додека пак, според податоците на СЗО, лошиот квалитет на воздухот во регионот предвремено одзема до 13.500 животи секоја година. Во исто време, годишните трошоци за здравствена заштита предизвикани од електрани на јаглен на Западен Балкан се проценуваат на 1.2 до 3.4 милијарди евра.

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ има за цел подигнување на свеста за последиците од загадениот воздух. Еко-организации од сите балкански земји
бараат намалувањето на аерозагадувањето да се дефинира како национален, регионален и меѓународен приоритет и интегрирано во сите процеси на планирање.

За да се подобри надзорот врз загадувачите и да се постигне подобар квалитет на воздухот, според еко активистите, неопходно е да се воспостават мултисекторски партнерства на локално, национално и регионално ниво.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ