• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

Пукање со ќорци

February 22, 2021

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пукање со ќорци

February 22, 2021 07:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Слушнавме дека предлогот за вметнување на етничката припадност е спротивен на развојот на европското право и на развојот на граѓанскиот модел во кој ова е само еден од многуте различни и променливи идентитети кои се многу лични и не би требало да бидат дел од јавното, туку се дел од приватното. И тоа е сосема точно.

Слушнавме и дека ваквиот потег може да се смета за спротивен на духот на концептот   човековите права, затоа што наместо да ги минимизира – ги зголемува условите за  дискриминација, сегрегација, поинакво постапување во истоветни или слични услови, вознемирување, стигматизација. И ова е исто така точно.

Слушнавме дека ваквата идеја може да има и поопшти импликации врз развојот на демократијата која не трпи кастински поделби кои го присилуваат човекот да припаѓа и да ги прифаќа правилата на живеење на одредена група само заради тоа што се родил во таа група. И ова е точно.

И слушнавме дека еманципацијата на индивидуата како граѓанин, во филозофска смисла, значи завршување на нејзината еманципација и како припадник на етничката заедница. Што исто така е точно.

И секоја од овие забелешки на дадениот предлог зборува за некој од негативните аспекти и негативната конотација на поставеното барање.

Јас би сакала да укажам на еден позитивен аспект од барањето за внесување на етничката припадност во личните карти, а кој мислам дека се превидува во целата расправа.

Според мене, тоа што овој предлог се појави баш сега и тоа што најголем број од политичките партии во Македонија го поддржуваат значи дека нешто се променило на политичката сцена на државата. И тоа не кај партиите, туку на страната на граѓаните.

Ако се има предвид дека најголем број од политичките партии во Македонија се етнички чисти (минорните исклучоци на двајца-тројца членови од различен етницитет од доминантниот во одделни партии не ја менуваат фактичката состојба), најголема загроза за нивното постоење и основниот модус на борбата за власт, а потоа и поделба на власта по нејзиното освојување, претставува етницитетот. Било кој облик на излегување надвор од етничкиот модус на делување ги води партиите во невозможната ситуација да ги адресираат вистинските интереси и потреби на граѓаните.

Првиот удар го зададе Шарената револуција која успеа да ги обедини луѓето од различните етницитети на начин кој беше непознат до тогаш во Македонија. Партиите се помачија и успеаја да го амортизираат овој за нив погубен развој на нештата.

Меѓутоа, граѓаните веќе ја разбраа моќта на заедничкото делување, почнаа да ја прифаќаат идејата за различни и флексибилни идентитети кои претставуваат неопходен услов за постоење на граѓанството. И, граѓаните имаа шанса да погледнат зад кулисите на етноприпадноста која упорно им ја сервираат партиите.

И партиите се уплашија. Се уплашија дека ќе го изгубат единствениот адут со кој мавтаат во освојувањето и поделбата на власта. И мораа сега и веднаш да смислат начин како да ги вратат граѓаните повторно во нивните етнички стада, да ги пребројат, да ги присилат, да им го отежнат себеидентификувањето како граѓани.

И ова е позитивно.

Позитивно е затоа што покажува дека се гледа крајот на политичките партии кои немаат да понудат ништо друго освен етничко разграничување. Веќе ги трошат последните куршуми и пукаат во празно.

И стануваат смешни.

И тоа е позитивно.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторката.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ