• Latest

Нуредини: Процесот на интегрираната заштита на Водно е резултат пред се на обврската за репрогласување на заштитените подрачја согласно новата регулатива

February 23, 2021
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Нуредини: Процесот на интегрираната заштита на Водно е резултат пред се на обврската за репрогласување на заштитените подрачја согласно новата регулатива

February 23, 2021 15:35
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Овој процес кој е сега пред крајот за конечно остварување на интегрираната заштита на Водно, е резултат пред се на обврската за репрогласување на заштитените подрачја во државата согласно новата регулатива и современите стандарди. Апсолутно е неточно дека претходниот статус на заштита бил од повисоко ниво, како што е и неточно дека категоријата заштитен предел е најниската категорија согласно Законот за заштита на природата, потенцираше министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредина во изјава за МИА.
Тој нагласи дека категоријата се утврдува врз основа на Студијата за валоризација на природните вредности, која, како што потенцираше, била изработена од тим на експерти и професори, со поддршка на УНДП и по која имало низа расправи.

“Оттаму произлезе и иницијативата за прогласување, по која исто така имавме позитивни мислења, од клучни субјекти, како на пример МАНУ. Додека Шумарскиот факултет не се произнесе, но сепак, ги изнесе своите ставови на јавната расправа, за што сме благодарни. Како што кажав, целта на јавните консултации е дебата, добивање на мислења и забелешки за доаѓање до најдоброто решение за заштитата на добрата од јавен интерес“, наведе министерот.

Нуредина за МИА ја даде изјавата откако „Го сакам Водно“ и О2 иницијатива“ на социјалните мрежи објавија реакции за досегашниот процес за носење нова заштита за Водно.

„Во име на веќе доставеното барање за Водно, потпишано од 38 здруженија и иницијативи, сите ислушани јавни расправи досега и имајќи ги предвид бројните студии и експерти кои проговорија јасно и гласно за сестраната и комплексна важност на Водно, го повикуваме Министерот да ги објасни сите изјави и ставови што прострујуваат низ медиумите овие денови дека Министерството има изготвен став, и тоа изнесен во јавност преку Владата 4 дена пред највените меѓуинституционални средби, наведоа од „Го сакам Водно“ и О2 иницијатива“ .

Тие, откако истакнаа дека вчера се одржал привиот технички состанок во МЖСПП врзан за процесот за носење нова заштита за Водно ( како Заштитен Предел согласно ЗЗП), запрашаа како се одвивал, кој бил повикан и присуствувал, што се договарало, како и што се заклучило.

„Министре Насер Нуредини, зарем веќе имате заземено официјален став на Министерството?!, Зарем сета дискусија и јавна расправа е само про-форма?!, Кога ќе ја сослушате и експертизата која гласно говори?!, До кога зад затворени врати, само меѓу неколку институции?!, Транспарентноста недостасува. Се говори за значајно подрачје од јавен интерес!! Да потсетиме: се расправа за нацрт-одлука, а не за имплементирање на веќе донесена Одлука и уште помалку се расправа за План на управување“, потенцираа организациите.
Нуредини истакна дека многу сериозно пристапиле на сите коментари и грижи, и токму затоа го започнале процесот на координација со сите останати институции кои се надлежни во останатите аспекти кои биле изнесени при дебатата за заштита на Водно, покрај природата.

„Вчера се одржа првата координација на техничко ниво со МЗШВ и ЦУК, денеска имаше повторно меѓусекторска координација во Управата за ЖС, сектори за води и природа и Секторот за просторно планирање во МЖСПП, а за четврток е закажан уште еден состанок со Градот Скопје како надлежна општина и иницијатор на постапката, Министерство за одбрана, МЗШВ, ЦУК, МТВ и тн. Ова е нацрт Одлука и дебатата е отворена. Меѓутоа, идното интегрирано управување значи носење на План за управување кој не исклучува, туку напротив може да го имплементира во целост и Планот за ерозии и поплави, просторниот план итн. Не смееме да заборавиме дека сите овие аспекти се уредени со законска регулатива, дека урбанистичкото планирање е надлежност на општините и дека идната интегрирана заштита е возможна со добра координација и исполнување на сите обврски“, посочи Нуредини во изјавата на МИА.

Тој наведе дека доколку при анализите се исцрпат сите средства и се исполнат сите обврски и надлежности, но се утврди дека навистина е потребно за Водно да се креира нов закон со поинаков режим, ќе се започнат иницијативи за таа процедура. Сепак, како што рече, верувам дека после долго време сме сите свесни дека е потребно да го заштитиме Водно што поскоро.

„Ние сме во постојана координација со Владата и не гледам апсолутно никаква неконзистентност во изнесените ставови од моја страна, службите на МЖСПП или Владата на РСМ. Да, минатата недела додека се уште се добиваат мислењата и коментарите по Нацрт-Одлуката, јас изјавив дека ќе се разгледаат сериозно и темелно сите коментари и дека ќе направиме координација со сите други надлежни органи, и ќе ги размислиме сите опции. Владата чекаше од нас како надлежен орган за водење на постапката за прогласување на Водно за заштитен предел да ги собереме и проанализираме добиените забелешки и да го дадеме стручниот став. Ние ја информиравме Владата за следните чекори, а тоа е дека во делот на заштитата на природата не добивме забелешки, меѓутоа дека од аспект на останатите прашања за кои беа изнесени грижи, ќе продолжиме со дополнителни консултации и координација помеѓу релевантните институции и Градот Скопје како иницијатор на постапката“, образложи Нуредини.

Тој додаде дека експертските процени биле оти додека не се разгледаат и исцрпат сите законски алатки и системски решенија за справување со ерозијата, поплавите, просторното планирање и заштита на природата, нема потреба од посебни закони кои би излегувале од институционалната и правна рамка на државата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ