• Latest
Радмила Шекеринска, министерка за одбрана/Фотогтафија Д. Муратов, ЦИВИЛ

Пред да се појави Мијалков, и Шекеринска најави политичка и кривична одговорност

February 23, 2021

(ВИДЕО) ☕ ДУПЛО ЕСПРЕСО: Руските воени провокации во Полска, убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, дипломатскиот скандал со рускиот амбасадор во земјава и други стории

September 16, 2025

Мустафа и Салиу за ЦИВИЛ: Не ја слушнавме изјавата на Ангелов за селењето на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Руските власти започнаа со инспекција на возила по пријавените експлозии на 16 септември 2025 година. Фото: ХУР

„Операцијата за одмазда“ на Украина во руски Владивосток го погоди 47-от Воздушно-десантен баталјон обвинет за воени злосторства

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Истражна комисија на ОН: Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа

September 16, 2025

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пред да се појави Мијалков, и Шекеринска најави политичка и кривична одговорност

February 23, 2021 17:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Радмила Шекеринска, министерка за одбрана/Фотогтафија Д. Муратов, ЦИВИЛ

Радмила Шекеринска, министерка за одбрана/Фотогтафија Д. Муратов, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

На денешната посета на армискиот полигон „Криволак“, на која присуствуваа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, по прашање на медиумите дали ќе има одговорност за бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, таа порача дека кај сите органи што потфрлиле ќе мора да се бара и политичка, но од некои луѓе ќе мора да се бара и кривична одговорност. Тоа не се случило само заради некој превид, се случило очигледно заради тоа што некој од малкумината што знаеле, ја споделил таа информација со човекот кој требаше да се соочи со правдата, истакна Шекеринска.

„Пред ова бегство ниту Владата , ниту правосудните органи, ниту државата не смее и нема да затвори очи и реакциите во јавноста и во институциите покажаа дека сите ќе бараме одговори, решителна акција од страна на сите институции што се повикани да обезбедат акција, ќе бараме одговорност затоа што веќе прашањето е како државата да обезбеди луѓе што бегаат од правдата да се соочат со правдата, во исто време органите ќе мора да дадат одговор на прашањето кој го информираше Мијалков, кој го обезбеди и овозможи неговото бегство. И двете работи и очекувања се целосно оправдани и очекувани и ние мораме да дадеме одговор. Кога велам ние зборувам и за извршната власт, меѓутоа и за правосудните органи, кои по овие прашања не можат ниту да молчат, ниту да бегаат од одговорност“, изјави Шекеринска.

Ова, нагласи таа, во ист момент покажува дека луѓето кои долги години чекаме да им завршат судските постапки, стануваат свесни дека веќе нема игра со правната држава заради тоа што не очекуваат дека некој ќе им прогледа низ прсти во текот на судењето и во текот на изрекувањето на пресуда.

Министерката Шекеринска, која заедно со амбасадорката на САД Кејт Брнз денеска го посетија армискиот полигон „Криволак“ каде ќе бидат информирани за претстојните активности за реализација на вежбата „Одлучен удар – 21“, истакна дека се апсолутно свесни дека, како што рече, и наша и државна и на правосудните органи е обврска да реагираме, да одговориме и да носиме одговорност

На прашањето дали побарале помош од пријателска земја за лоцирање на Мијалков, Шекеринска одговори дека тоа не се прашања кои таа треба да ги споделува или да ги има како информација, тоа се прашања, посочи, за кои треба да се побара одговор во делот на правосудните органи и од агенциите и институциите кои ја имаат безбедносната соработка.

Амбасадорката Брнз нагласи дека ја следат ситуацијата и она што се случува на терен и имаат информации од Владата.

„Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата. Навистина имаме соработка.  Се работи за случај што во моментот се одвива, рече таа и за сите прашања упати на Владата од каде што, како што рече, и тие ги добиваат информациите. Во иднина доколку има нови случувања, ние ќе бидеме достапни за коментар“, изјави таа.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.

Ирена Крџиќ
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ