• Latest

Мијалков, драмолетка во два чина

February 24, 2021
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Мијалков, драмолетка во два чина

February 24, 2021 16:06
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Колку сме осетливи на (не)правдата, а особено кога таа треба и се очекува да се манифестира врз некогаш неприкосновени моќници дебело нафатирани и влијателни, покажа случајот со Мијалков.

Крикот на јавноста и жестината на реакциите за овој случај покажаа дека сме желни за правда. И покрај тоа што секој си бркаше сопствена приказна и си бараше причини за тоа како и зошто се случи тоа да го снема еден од двајцата „најбарани“ од народот за „да си лежат“, на крај сè се сведуваше на тоа дека правда мора да има.

Сензитивноста на темата ги отера во аут и етничка припадност во лични карти и зошто сета таа шарада ни е потребна кога ЕУ ни кажува дека не е во согласност со европските регулативи, отиде во аут и Захариева со нејзините пецкања и идентитетски роварења, отиде за жал и Балашевиќ…

Кога разбрав дека побегнал Мијалков мојата прва реакција беше: Сето тоа од министер за внатрешни до обвинители треба да оди во пакет, другото е мижитатара.

Втората беше, кога го гледав Заев. Не ни требаат констатации, уште помалку изразување на жалење, сакаме одговорност и реакција одма. Во сета таа дводневна папазјанија Јовески и Рускоска, веќе ги гледав како минато, завршено време. За Спасовски кој као немал вина, најлогично ми беше – ок, еве  и така да е, да немал директна вина, ама добро ќе биде као да си даде сам оставка од политички и морални причини – па еден требаше да чува и тој му побегна (добро, му се скрил), мајку му стара.

Вмровците на чело со Мицкоски пак, ликуваа. Во белата палата сигурно почнала и распределбата на ресорните министерства, Мицко веќе се видел во премиерската фотеља.

А, со кој образ лицемерите вмровски си ги подгреваа очекувањата само тие си знаат.

Прво Мицкоски бараше укинување на сите предмети од СЈО, сега бараат да се најде Мијалков. Небаре заборавивме што ли сè не направија и со какви уцени не се послужија и го опструираа донесувањето на Законот за Јавно обвинителство, за кој нели потребно е двотретинско мнозинство и кој овозможува континуитет во водењето на случаите од СЈО. Најди им крајот.

Нивниот Никола Тодоров вчера потсети како дојде Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ и како токму Мијалков во Мериот собирал потписи и врбувал делегати да го донесе на чело на партијата. Да беше ДПМНЕ на власт Мијалков не само што немаше да има потреба да бега, ами ќе си беше шеф на полиција. Тие ли сега ќе поткреваат глас и ќе бараат правда?

Не вие, абдали, ами сите ние го имаме сето право на овој свет да бараме одговори, да удриме на маса, да бидеме разочарани, да бараме одговорност. Вие сега има да се скриете во развратното дувло од белата палата и да молчите!

И би привиден епилог на драмата. Мафијозото пријавувајќи се во Јавното обвинителство со еден смешен изговор зошто не бил достапен за органите на прогонот навидум ја прекина драмолетката во два чина. Исколеничи Мијалков најпонизно. Наѕре од кришното дувло, ја подви опашката и дефинитивно ја избледи сенката која го следеше како страв и трепет што жари и пали. До вчера неприкосновениот газда на тефтер судиите се извини на јавност, на влада, на премиерот, на органите на прогонот… на сите.

Покрај тоа што остануваат да висат многу работи, несфатливо е како сè уште некои гледаат на овој поразен очајник како на фраер, а на чинот на предавањето, како на негов избор. Одлуката да се појави или не, била само на Мијалков, вели Лупевска во емисија со соговорникот Тодоров. Што сака со тоа да каже? Као тој што сакал прави? Ајде де, се премислил, онака – ај да не се заебаам си рекол ќе се појавам, ќе измислам смешка – во самоизолација бев имав 40 температура…? Очигедно е здраво нагазен мафијашот, да не се лажеме.

Заев и покрај сето препотување и покрај тоа што по којзнае кој пат се покажа како одличен кризен менаџер, сега мора да мавне на маса уште посилно и не само за мир во куќа. Граѓаните очекуваат правда. Тоа ова обвинителство не може да го испорача до крај. Рускоска бранејќи некои свои позиции се однесува како адвокат на Мијалков, не како главен обвинител кој треба да го гони. Како поинаку да ја разбереме нејзината несреќна изјава „Ако Обвинителството веднаш побараше притвор, ќе значеше прејудицирање на пресуда“?

И покрај епилогот од вториот чин и покрај деталната хронологија од Спасовски за тоа како се одвивале настаните, крајот на драмата не оди во прилог на органите на прогонот. Одговорност за претходно не изречен притвор е тема што уште држи, ако сакаме вакви случаи да не ни се повторуваат, а она што најмалку може Рускоска да направи после петок кога сите се надеваме главното уво да скапе во затвор, е сама да се повлече. Нема простор ни за еуфорија ни за резигнираност, многу е едноставно, работата сите треба да си ја завршат до крај. Другото се изговори.

извор: Фронтлајн

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ