• Latest

Универзална сала ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит

March 1, 2021
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери-наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Универзална сала ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит

March 1, 2021 13:16
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Објектот на Универзалната сала во Скопје ќе се реконструира во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје. На промоцијата на изведбениот проект за реконструкција на Универзална сала присуствуваа премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, директорот на Универзална сала Филип Аврамчев, архитектот Бујар Муча од архитектонското биро „Мегарон Инженеринг“, кој го изработи овој проект.

Премиерот Зоран Заев потсети на важноста и на историјата на Универзална сала и нагласи дека архитектот Муча и неговото архитектонско биро на Град Скопје на скопјани им го отстапија идејниот проект за реконструкција на Универзална сала како донација. Град Скопје, како што рече, ја прифати донацијата и откако ќе заврши тендерот за изведувачките работи се предвидува почеток на реконструкцијата во мај.

– Со повторно отворање на вратите на Универзална, кои пет и пол години се затворени, ќе се создадат сите услови да се отворат и портите на Скопје со претензија во 2028 година со гордост да ја понесеме титулата Европска престолнина на културата, рече Заев.

Премиерот Заев потсети дека за Универзална сала издвоиле 120 милиони денари, обезбедиле 70 милиони евра, заем од Европската банка за обнова и развој за познатиот трамвај на тркала, обезбедени се средства за почетокот на изградба на мостот во Карпош 4, кој ќе биде продолжение на улицата „Љубљанска“ во вредност од околу 400 милиони денари. Најави дека ќе продолжи поддршката од страна на Владата за сите капитални проекти на општината.

Градоначалникот Шилегов информира дека Владата одвои 120 милиони денари, средства од буџетот на државата, за реализација на овој проект од огромно значење за македонската и скопска култура и традиција. Универзална сала, како што рече, беше, е и очигледно останува омилена културна институција на многумина скопјани.

Градоначалникот Шилегов потсети дека идејата да се сочува Универзална сала во постојната форма и на постојната локација дојде по опсежна и отворена дебата и додаде оти се слушна волјата на скопјани и на јавноста.

-Ова не значи дека се откажуваме од идејата за нова концертна сала во Скопје, но нашиот приоритет е да ја отвориме Универзална сала во нејзиниот полн капацитет уште во текот на оваа година. На 8 март ќе биде закажана седница на Советот Град Скопје каде ќе ја примиме донацијата на изведбениот проект со што се создаваат услови за распишување на тендерската постапка и во текот на мај очекувам да почнат градежните работи, изјави Шилегов.

Архитетктот Муча имаше презентација на проектот за Универзална сала и појасни како таа ќе изгледа во иднина.

-Се задржува постоечката форма, се прави внатрешна реорганизација на просторот, се вметнуваат нови современи материјали во фасадата, пред се поради енергетската ефикасност, но со мали корекции во постоечката конструкција се зголемува и противпожарната заштита, рече Муча. Тој изрази надеж дека Универзална сала наскоро повторно ќе блесне во стариот сјај, како порано.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шилегов рече дека Универзална сала би имала капацитет од околу 1.100 до 1.200 седишта.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ