• Latest

Царовска: Со Концепцијата за основно образование ќе се премине од фактографско кон учење со разбирање

March 3, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Со Концепцијата за основно образование ќе се премине од фактографско кон учење со разбирање

March 3, 2021 13:02
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Остануваме на интегрираниот модел на педагогија затоа што тој во светски размери дава резултати, но и во пилот училиштата и во нашата држава и во приватните и во јавните исто така дава одлични резултати. Сметам дека на тој начин ќе постигнеме преминување од фактографско учење кон учење со разбирање и проблемско надминување на прашањата.

Ова денеска го изјави министерката за образование Мила Царовска, откако Владата на вчерашната седница даде целосна поддршка и ја усвои Концепцијата за основно образование, за која, како што соопшти, во нејзина подготовка беа вклучени сите засегнати страни, се слушнаа и се прифатија стручни мислења од експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации.

-Имаше неколку забелешки кои се дискутираа во јавноста, тоа беше наставниот предмет Историја или научната дисциплина што е интегрирана и таа останува интегрирана до шесто одделение. Во шестото одделение во насловот на самата група предмети одиме со Историја и општество, до шесто одделение со Општество, рече Царовска.

Дополнително, информира министерката, согласно Законот за употреба на јазиците од четврто одделение наставните јазици се воведуваат како изборни за граѓаните.

-Исто така имавме дискусија околу употребата на албанскиот јазик дали да биде во изборен или да биде како трет изборен јазик или да оди со странски јазици. Останавме на изборен предмет од шесто одделение како што е во наставниот план и исто така на почетокот имаше иницијатива да биде прво и шесто, да директно се влезе во предметна, но отидовме со прво и четврто, во суштина ги опфаќаме во одделенска настава, го правиме влезот на концепцијата за да има повеќе време за шестото одделение за наставните програми што веќе се интегрираат, таму почнува и предметната настава, истакна Царовска.

Повтори дека целиот процес е носен на најтранспарентен начин и наведе оти ова е прва концепција во државата за основно образование за што се водела голема и стручна дебата, и поради тоа смета дека истата ќе има голем успех.

-Во четврток треба да се распишат огласите за подготовка на програмите во наставните предмети согласно наставниот план и тука ги повикуваме сите експерти од високото образование, но исто така и што се вклучени во одделенска настава, да се вклучат во процесот на подготовка на програмите, затоа што е најважно да биде квалитетен процесот што ќе ги даде основите понатаму, рече Царовска.

Во подготовката на документот, како што соопшти вчера Владата, од самиот почеток активно беше вклучен и репрезентативниот синдикат СОНК, а се одржаа низа консултативни состаноци со засегнати страни и широка јавна расправа во Собранието.

Со дел од усвоените стручни мислења, Концепцијата за основно образование во фокусот ги става учениците и нивното право на квалитетно образование. Концепцијата е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитувани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на ООН, наведе Владата во соопштението.

Натаму се додава дека посебно место во Концептот на основно образование има континуираниот професионален развој на наставниците насочен кон стекнување и пренесување нови знаења за практичниот аспект на работата според стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес согласно европските трендови

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ