• Latest

Од денеска до 22 март полициски час од 22 до 05 часот, движење само со посебни дозволи

March 10, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Од денеска до 22 март полициски час од 22 до 05 часот, движење само со посебни дозволи

March 10, 2021 10:15
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На предлог на Комисијата за заразни болести со цел да се спречи натамошен пораст на бројките на заболени и хоспитализирани од КОВИД-19 Владата одлучи од денеска до 22 март биде воведен полициски час што ќе трае од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а движењето во време на ограничувањето ќе биде можно само со дозволи.

Дозволите за движење во време на полициски час што минатата година ги издаде Министерството за информатичко општество и администрација ќе важат и за време на ограниченото движење на граѓаните од утре до 22 март. На оние кои ги изгубиле дозволите МИОА ќе им преиздаде нови. Во однос на издавањето дозволи поврзани со работата на економските оператори по 22 часот задолжени се самите фирми, како што било случај минатата година.

Тие пополнуваат образец објавен на веб-порталот www.uslugi.gov.mk и за тоа се задолжени самите одговорни лица во компаниите со сите податоци, исто како и минатата година. Откако ќе го пополнат овој образец тој станува валиден и со него овие работници пред било која полициска контрола можат да докажат дека во времето кога трае ограничувањето на движењето извршуваат работни задачи. Компаниите, потенцира тој, на некој начин со аплицирањето на тие обрасци гарантираат дека одговараат конкретно за тие лица оти се во работен процес во период додека трае забраната за движење.

Отстапки од забраната ќе има и за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа и за слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи.

Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници.

За транспортерите на лица и на стока како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин.

Надлежните служби на граничните премини ќе ги пропуштат патниците кои со лични возила ја напуштиле земјата пред воведувањето полициски час, при што ќе се спроведуваат и до сега активните мерки за задолжителен ПЦР тест за оние што доаѓаат од оние земји за кои оваа постапка е задолжителна, образложи Спасовски.

Најавени се засилени контроли од страна на МВР и на сите соодветни инспекциски служби затоа што, како што рече вчера премиерот Зоран Заев, очигледно граѓаните се опуштиле во делот на носење маска, дезинфекција, не групирање, а бројот заразени граѓани алармира дека итно мора да се преземе ништо.

Во насока на заштита е и одлуката на Владата сите домашни и странски физички лица, патници од земјите од Афричкиот континент, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе се упатуваат во 14 дневна домашна изолација (карантин). За сите видови групни или индивидуални патувања, патниците од земјите од Африка кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе биде потпишувањето на Изјава за транзитирање. Донесени се и мерки за задолжителен домашен карантин на странски и наши граѓани кои се враќаат од Африка, да се обезбеди соодветен објект за државен карантин.

Од Владата најавија дека ќе ја следат состојбата и оти следните мерки ќе бидат носени согласно тоа како таа ќе се развива.

Првите мерки за заштита од коронавирусот беа донесени пред точно една година. На 10 март беше донесена одлука да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија, прво во траење од 14 дена, но потоа времетраењето беше продолжено. Беа прекинати и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично.

За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години, што беа ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, беа ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски. Од работни обврски беа ослободени и бремените жени и хроничните болни лица.

Меѓу другото, беа забранети масовни собири и настани на отворен и затворен простор, а беше забрането и присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани.

Воведена беше задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, а забранет беше извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители. Се препорачуваше избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик.

Одлуката за првиот полициски час беше донесена на 21 март лани, а почна да важи од следниот ден на 22 март и тоа во период од 21 навечер до 6 часот наутро секој ден. На 25 март лани беше донесена првата одлука за забрана на движењето на сите граѓани за време на викендот (сабота и недела) од 16 часот до 5 часот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ