Департизацијата е процес на трансформација на општеството, а ослободување се случува и во образованието, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето во Топ Тема на Телевизија Телма.
Според Законот за основно образование што го донесе претходниот министер за образование, министерството повеќе нема свој претставник во училишниот одбор, а бројот на претставници на локалната власт се намали на еден, а во одборот се тројца од вработените и тројца од родителите.
„Со Законот изборот на директор го вршат тројца претставнци на родителите, тројца вработени во училиштето и еден претставник од општината. Тие својот избор го доставуваат до градоначалникот, кој во рок од 10 дена треба да изврши избор на директор“, рече Царовска, додавајќи дека веќе нема можност некој, спротивно на закон, да избере директор.