• Latest

Пендаровски: Воведување на полициски час е оправдано, се потпираме на она што го предлагаат експертите

March 12, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Воведување на полициски час е оправдано, се потпираме на она што го предлагаат експертите

March 12, 2021 09:23
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на држава Стево Пендаровски смета дека има целосна логика во воведување на полицискиот час од 22 до 5 часот, бидејќи како што рече, тоа е на предлог на експертите. Тој испрати апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките.

– Апелирам до целото граѓанство да ги слушаме оние кои се експерти во областа. Конкретно за последнава мерка за полицискиот час, мислам дека прилично релевантно е размислувањето на професорот Даниловски, кој објаснува зошто е од 22 до 5. Рестораните работат до 21 часот, и подоцна младите да не се собираат надвор бидејќи малку кој ќе легне да спие до 21 часот, рече Пендаровски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Според претседателот, доколку некој мисли дека министерот за здравство или премиерот или претседателот диктира дали ќе има полициски час во државата или не, се лаже.

-Можеби некој пат некоја мерка предложена од Комисијата или е редуцирана според опфатот или времетраењето, но тоа што тие го предлагаат политичкиот фактор до сега без резерва, ако тие таму се собрале, тоа не се политички личности, зборувам за јадрото на Комисијата која има над 20 члена во кои има и директори и експерти кои се признати и познати и немаат партиска припадност. Гарантирам дека ако тие велат дека има логика ова да се направи, мислам дека треба да се следи тоа, додаде Пендаровски.

Тој потсети дека на 17 март минатата година, потпишал за прва вонредна состојба. Сепак, за воведување на прв полициски час сметал дека се оди предалеку.

-Неколку дена пред тоа пред да воведеме полициски час јас на прес-конференција во кабинетот пред сите новинари кога ме прашуваа за полициски час реков: Не би сакал да одам толку далеку. Но моравме да го воведеме, додаде шефот на државата.

Сепак, смета дека воведување на полициски час сега е оправдано. Се потпираат на она што експертите го предлагаат.

-Мислам дека е оправдано, се потпираме на она што експертите го предлагаат, еве да видиме сега се ова што го кажувам не е дека ги правдам Венко или Заев или себе. Каде што има одговорност, ќе барам. Година дена откако почна пандемијата прилично добро стоечки европските држави како што се Чешка и Словачка побогати од нас, далеку поорганизирани членки на ЕУ и НАТО „извезуваат“ пациенти во другите земји членки. Многу тешко светот излегува на крај со оваа пандемија, рече претседателот.

Според Пендаровски, легитимно е граѓаните и опозицијата да бараат оставки, се разбира како што рече, нема бегање од тие дебати. Но, додаде, вирусот и ден денеска е победник во однос на светот.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ