• Latest

Панел на ЦИВИЛ во Гостивар: Пописот е од суштинско значење, процесот е математичка операција, а не политичка

March 13, 2021

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Панел на ЦИВИЛ во Гостивар: Пописот е од суштинско значење, процесот е математичка операција, а не политичка

March 13, 2021 08:00
in ВЕСТИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ одржа панел дискусија на тема „Попис: Статистика, не политика“ во општина Гостивар, во која учествуваа градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари, претседателот на Советот, Бесим Мемеди, координаторот на советничка група на СДСМ, Зоран Ангелов и советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Силјаноски. Панелот го модерираше Џабир Дерала од ЦИВИЛ. На панелот беа поканети и претставници на помалкубројните етнички заедници кои живеат во Гостивар, но, за жал немаа време да присуствуваат на настанот.

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика, се осврна на тоа да се искористи можноста да се попише населението, бидејќи ни требаат точни бројки.

„Јас ќе почнам прво како граѓанин, државата мора да има и добро е да има попис, бидејќи од 2002 немало друг попис, иако почнаа во 2011, но не се разјаснети причините зошто се стопираше тој процес. Како градоначалник многу ми е битно да се спроведе пописот, бидејќи имаме училишта, градинки, патишта и други работи кои планираме да се спроведат тие работи, но мора да се преброиме колку сме за да знаеме како да планираме понатамошно повеќе градинки, училишта. Треба да се видат по селата колку граѓани има и да планираме тие деца каде да учат.

Арбен Таравари, градоначалник на Општина Гостивар на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ / фото: М. Муриќ / ЦИВИЛ

Помалку ќе чини да се пратат деца по 5-6 км до некое друго училиште отколку да се плаќаат наставници за малку деца. Не може еден наставник да предава математика на 4-то, 5-то и 6-то одделение. Јас инсистирам како градоначалник месните заедници да бидат ангажирани околу пописот. Пописот не е политика туку е математика. Добро е да знаеме колку сме за да можеме да ги планираме работите. Како секретарот за алијансата имавме забелешки бидејќи се донесе многу набрзина, без тоа да биде јавно и да се дискутира. Законот за попис треба да се донесе 6 месеци пред да се одржи пописот а тука се донесе некаде средина на јануари 3 месеци пред да се спроведе.  Нам ни треба математика со точни бројки. Ние побаравме заедно со законот да биде во парламент и методологијата да нема забуни дека некој игра некаква игра во оваа математичка операција. Многу ќе беше подобро да се донесе законот со апсолутен консензуз. Битно  е математичката операција да донесе точни бројки за да може да се планира здравството образованието итн.

Како Општина ги известуваме институциите кога ќе слушнеме дека некој од нерезидентните имаат проблеми со попишувањето. Бројките кои ги добив утрово се разочарувачки, луѓето кои живеат привремено во странство немаат мотив за пописот. Како општинска организација веќе кажавме дека сме тука и соработуваме со ДЗС и стоиме да бидеме full support за се што треба до крајот на попишувањето. Ја користам можноста да ги повикам граѓаните кај нас и тие што се надвор да ја искористат можноста да се попишат. Многу сум оптимист дека ова е последен попис што во државата ќе се извадува физички. Во странство кога им треба попис на секои 6 месеци пуштаат апликации и населението се попишува онлајн. Што ќе постигнат малите партии што ќе сакаат да го бојкотираат пописот? Што ќе постигнат со тоа? Јас ги повикувам да подразмислат убаво, најмногу за нивните деца“, порача Таравари.

Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гостивар, Марјан Силјаноски, истакна дека пописот е од суштинско значење и треба што побрзо да се одржи, меѓутоа како партија не се согласуваат да се одржи сега туку да се одложи поради здравствената состојба.  

Марјан Силјаноски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гостивар на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ / фото М. Муриќ/ ЦИВИЛ

„Во ек на пандемија бројките секојдневно растат и не треба да се одржи попис во овој период. Има доста земји што го одложиле пописот токму поради здравствени причини. Во есен или пролет да се пролонгира пописот. Голем број на граѓани се согласуваат со нас гледајќи ја поддршката што ја добиваме секојдневно.

Ние не сме за бојкот на пописот, бидејќи ни е потребен попис. Дебатата за законот за попис требаше да опфатат повеќе политички партии. Власта отфрли 40 амадмани од ВМРО-ДПМНЕ. Се согласувам дека пописот е математичка операција – а не политичка“, вели Силјановски.

Неколку дена се собираа потписи и во Гостивар, во неколку акции за пописот да се одржи во соодветно време. Пописот е поинаква операција од изборите. Попишувачите одат кај луѓето дома, за разлика од изборите. Сега би имало поголем физички контакт“, истакна Сијлановски.

Координаторот на советничката група на СДСМ, Зоран Ангелов, нагласи дека пописот е сложена статистичка операција и дека Северна Македонија мора да спроведе попис.

Зоран Ангелов, координаторот на советничката група на СДСМ, на панелот на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ / фото: М. Муриќ / ЦИВИЛ

„Во секоја држава се одржува на секои 10 години. Кај нас немало попис од 2002, а  без попис не можеме да имаме успешни политики во  економија енергетика образование, земјоделие итн, изјави  .

Мора да знаеме колку сме за да можеме да се развиваме. Не смее на ниеден попис да му се даде политичка конотација. Пописот ќе каже колку се дома колку се во странство повеќе од 12 месеци. Отселувањето на младите кадри за жал е многу големо и затоа мора да знаеме колку се отселени, на која возраст се и образованието нивно да го видиме. Во графата за етничка припадност секој ке се попише како се чувствува. Се надевам на успешно спроведен попис со почитување на сите мерки кои ќе ги препорача комисијата з заразни и сите мора да се придржуваат кон тие мерки. Се надевам дека нема да се прават опструкции и повикувам на масовно попишување“, изјави Ангелов.

Претседателот на совет на Општина Гостивар, Бесим Мемеди, истакна дека кога почна пописот за дијаспората, граѓаните од надвор го контактираа дека пописот е почнат многу хаотично.

Бесим Мемеди, претседател на Совет на Општина Гостивар, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ / фото: М. Муриќ / ЦИВИЛ

„Ние помагаме како политичка партија да има успех во пописот за граѓаните што живеат надвор. Од политички аспект јас припаѓам во Алијанса на Албанците и ние го поддржуваме овој попис и имам впечаток дека ќе се оддржи овој попис.

Има зголемување на бројките на Корона, но кога се изгласа законот ние бевме во втор бран, а сега тоа што се случува може да влеземе и во трет бран. Ние треба да ги мотивираме граѓаните да се оддржи овој попис. Како лекар повиќувам кога ќе се оди во куќи каде што се знае дека има позитивни да се оди добро подготвени да не се зарази уште некој, со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. Од 1 до 5 пописот би го оценил дека ќе биде безбеден 3 (добар)“, рече Мемеди.

Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, панел дискусијата се одржа без публика, која беше пренесувана во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ. 

Настанот е дел од проектот „Граѓански објектив“, финансиран од Националната фондација за демократија (National Endowment for Democracy) од САД.

Тим на ЦИВИЛ Медиа

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Мелиса Муриќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ