• Latest

Маричиќ: Во јуни ќе се проценува дали гласањето за локалните избори ќе се спроведе со отпечаток од прст

March 13, 2021
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Маричиќ: Во јуни ќе се проценува дали гласањето за локалните избори ќе се спроведе со отпечаток од прст

March 13, 2021 07:59
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мислам дека треба да го тераме овој процес за гласање со отпечаток од прст и да направиме некаде во јуни месец некоја проценка дали реално ќе стасаме, а во секој случај да го реализираме овој дел на законски измени, делот на набавка на софтвери и на опрема, делот на подготовка на системот, но мислам дека неопходно е да има пилотирање за да може да се стави во функција, за да сме сигурни дека на денот на изборите нема да ни се случи пет проценти или десет проценти да не можат да го остварат своето гласачко право заради проблеми со системот. Значи нашата цел е да имаме добар систем на којшто сите ќе му веруваат и никој нема да го оспорува, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ на синоќешното интервју во „360“ степени на ТВ Алсат.

Маричиќ  истакна дека не е дилемата дали да го има гласањето со отпечаток или да го нема, туку дали се сите чекори неоходни и по препорака на меѓународните експерти на ИФЕС и на други организации и дали ќе успееме до локалните избори да ги реализираме сите чекори вклучувајќи го и пилотирањето на системот, за да сме сосема сигурни дека на денот на изборите нема да се случат крупни проблеми.

– Значи имаме и нешто што е ставено во законот, одредба ставена во законот за ваков систем, меѓутоа сме виделе често дека одредбите не се доволни сами по себе, тие треба да се операционализираат. Работната група на ДИК заедно со Министерството за правда состави спецификација по извршени консултации со МВР. Состави детални норми поврзани со реалцизаија на оваа идеја за отпечаток со прст.

Има една спорна точка која што се уште не е расчистена и јас верувам дека идната недела ќе ја расчистиме, а тоа е која ќе биде алтернативата за оние избирачки места кадешто нема да може да се употребат времено или цел ден на гласањето машините за отпечаток од прст, дали да се сопре гласањето па да се повтори или пак да има алтернатива за со прскање со спреј. Во случај кога ќе се појават проблеми. Инаку нема дилеми околу тоа, потенцираше министерот за правда во интервјуто.

Тој, на прашањето  дали базата на отпечатоци којашто ќе се користи како референтна за споредување ќе биде локално присутна на компијутери во гласачкото место или ќе треба интерент врска за да се поврзува, одговори дека смета оти секаде нема да може со интернет врска.

– Мислам дека нема да може со интернет врска секаде, така што ќе мора да биде локално присутна базата, меѓутоа за таа база да се пренесе потребна е посебна процедура и посебен софтвер од МВР за која што е потребна набавка за да можат да го реализираат тоа. Бидејќи вака како што е сега не можат да направат трансфер на целата граѓанска база до ДИК. Без законска основа и без процедура за софтвер, рече Маричиќ.

Околу спроведувањето на пописот тој истакна дека е веќе отфрлено „неспроведувањето“ и оти пописот веќе започна за дијаспората и за определени категории на граѓани, а од 1 април ќе започне за сите.

Во однос на тоа што ќе се случи ако продолжи да расте трендот на новозаболени од Ковид-19, Маричиќ посочи дека ако тоа се случи ќе ја чекаат препораката од Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство.

– Ако продолжи ќе ја чекаме препораката од Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство дека има основа за таков нешто. До тогаш, ние заедно со Државниот завод за статистика ги замоливме и тие изработија протокол за спороведување на пописот по криитериуми соодветни на пандемијата и мислам дека може да се изведе пописот и брзо и ефикасно и безбедно. Секое одлоагање може само да ја враќа политизацијата на пописот и јас мислам дека сите политички партии ја сфатија важноста на пописот, освен можеби Левица и дека сите ќе придонесат кон тоа граѓаните да се попишат, да имаме реална слика, рече Маричиќ.

Околу тоа која бројка ќе биде релеванта за процентуалната застапеност, дали процентот на оние што ќе бидат резиденти или процентот на вкупното население, односно на државјаните, тој нагласи дека дефинитвно ќе биде релевантна на државјаните.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ