• Latest

Предлог измените на Законот за лична карта пред Комисијата за политички систем

March 16, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предлог измените на Законот за лична карта пред Комисијата за политички систем

March 16, 2021 09:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање, е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

– Со предлагањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта се цели кон проширување на можностите кои би ги имале припадници на заедниците во процесот на издавање на личната карта, а во насока на јазикот на кој ќе им се печати образецот на личната карта, како и на јазикот на податоците кои ќе се впишуваат во неа, наведува Владата во образложението.

Со Законот за употреба на јазиците, се појаснува, јасно се дефинирани јазиците кои се службени на територијата на Република Северна Македонија, е пропишано дека на целата територија на Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Дополнително, согласно наведениот закон и друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните (албански јазик) е исто така службен јазик и неговото писмо. Во контекст на наведеното, и пред донесувањето на Законот за употреба за јазиците беа предвидени идентични законски решенија за конкретните прашања поврзани со двата службени јазици на територијата на Република Северна Македонија, а кои терминолошки се разликуваат во однос на новите законски решенија. Ваквите законски решенија и досега беа имплементирани во позитивното законодавство на Република Северна Македонија, се наведува во образложението.

Според Предлогот, во однос на другите припадници на заедниците кои живеат на територијатата на Република Северна Македонија (Срби, Власи, Турци, Роми, Босанци), а се помалку од 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија, со донесувањето на новиот Закон за употреба на јазиците се пропишува дека образецот на личната карта ќе им се издава и на јазикот и писмото кој го употребуваат тие граѓани, а исто така им се остава и можноста на нивно лично барање податоците за личното име кои се впишуваат во личната карта да бидат напишани и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.

Членот 2 од Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта е преодна одредба која предвидува дека личните карти кои го содржат натписот ,,Република Македонија“ издадени до денот на отпочнување на примената на овој закон, ќе важат до рокот на важење кој е наведен во личната карта, но не подолго од 12 февруари 2024 година. Предложената измена е во насока на усогласување на законот со рокот предвиден во член 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/19), односно пет (5) години од стапувањето во сила на уставните измени.

Законските измени и и дополнувања, според предлогот, треба да се применуваат од 1 јули годинава.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ