• Latest

Четвртиот повик на ФИТР „Предизвик за млади истражувачи – зелени проекти” отворен до 20 април

March 17, 2021

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Четвртиот повик на ФИТР „Предизвик за млади истражувачи – зелени проекти” отворен до 20 април

March 17, 2021 13:25
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Министерството за образование и наука денеска го претстави четвртиот јавен повик „Предизвик за млади истражувачи #4 – зелени проекти”. Тој е дел од концептот кој го развива ФИТР – „Фонд за млади умови”, а целта е учениците да се поттикнат преку истражувачки активности да дојдат до креативни и иновативни решенија за зачувување и унапредување на животната средина.

Повикот е наменет за сите основни и средни училишта во земјава и е отворен до 20 април 2021. Може да аплицира истражувачки проектен тим кој треба да се состои од еден до двајца наставници, односно лидери на проектот, и од пет до десет ученици.

Буџетот за четвртиот Предизвик за млади истражувачи е во износ од 3.000.000 денари. Вкупниот буџет на поединечен предлог-проект треба да изнесува од 100.000 до најмногу 200.000 денари. ФИТР ќе обезбеди и дополнителна награда од 30.000 денари за наставник/наставници кои се лидери на проектот, а ќе бидат наменети за набавка на дигитална опрема за примана во наставата.

Директорот на Фондот, Коста Петров, рече дека истражувачките проекти кои ќе аплицираат на повикот треба да бидат од областите на природните и техничките науки и да се врз основа на научен метод. Деталите за проектите се појаснети во повикот објавен на веб-страницата на ФИТР. Прифатливи за финансирање ќе бидат трошоците за набавка или изнајмување опрема за истражување и развој, како лабораториска, дигитална опрема итн.

Предложените проекти треба да имаат видливи резултати, како што се истражувачки есеј, изработка на проектна задача, изработка на прототип, аудиовизуелен, дигитален материјал и слично. Рок за завршување на проектите е 12 месеци, рече Петров, додавајќи дека тие ќе бидат оценувани според четири критериуми – квалитет, применливост на резултатите од истражувањето, капацитет на проектиниот тим и усогласеност на предлог-проектот со целите на повикот.

Нагласи дека особено охрабруваат интердисциплинарни проекти, тимови со еднаква родова застапеност и кои вклучуваат деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби, од различни возрасти и проекти кои се поднесени од училишта од рурални средини.

Селекцијата на проектите ќе биде во четири фази, а комисијата што ќе ги оценува ќе има пет члена. Петров ги повика учениците да аплицираат на новиот повик, порачувајќи им дека нашата земја нуди перспективни можности и услови за развој на нивните идеи и иницијативи.

Министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека нивните идеи ќе бидат поддржани финансиски и логистички за да успеат да се конкретизираат во резултати.

„Затоа што нема поголем мотив за еден млад човек да продолжи да се надградува, да се заложува, да креира од тоа неговите идеи да се преточуваат во реалност и да ги остваруваат проектираните очекувања. Затоа сме тука – за да помогнеме“, рече Царовска на промовирањето на четвртиот Предизвик за млади истражувачи на Фондот за иновации и технолошки развој.

Очекува и на овој повик да пристигнат, како што рече, голем број интересни предлог-проекти, а тие што се добри ќе бидат поддржани. За овие повици на ФИТР има голем интерес и на изминатите три биле поддржани околу 90 училишни проекти со вклучени над 500 ученици и ментори.

Министерката соопшти и дека се преземаат нови мерки и долгорочни планови за младите научници, а науката, развојот и иновациите ќе бидат во фокусот зашто се носители на општествениот и економскиот напредок на државата.

„Ќе извршиме целосна промена на начинот на финансирање на научно-истражувачката дејност преку воведување програмско и планско финансирање и поддржување, како и на грантово финансирање кое почна и преку Фондот за иновации минатата година со доделување 34 ваучери во вкупен износ од 15 милиони денари. Сите овие можности ќе бидат регулирани во целосно нов закон за научно-истражувачка дејност кој е во фаза на подготовка од работна група од претстваници на универзитетите и научни инстутуции“, рече Царовска./МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ