• Latest
Photo by Priscilla Du Preez on Unsplash

Средба со пријателите на RYCO: Отчетност и транспарентност на RYCO во Северна Македонија

March 23, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Средба со пријателите на RYCO: Отчетност и транспарентност на RYCO во Северна Македонија

March 23, 2021 14:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Photo by Priscilla Du Preez on Unsplash

Photo by Priscilla Du Preez on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO) е меѓународна организација основана од 6 учесници од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово , Црна Гора, Северна Македонија и Србија, чија цел е да го промовира духот на помирување и соработка меѓу младите во регионот преку програми за размена на млади.

RYCO промовира помирување, доверба, соработка и дијалог на Западен Балкан преку поддршка и финансирање на проекти кои ги зближуваат младите од регионот.

Локалната канцеларија на RYCO во Северна Македонија денеска го одржа својот годишен онлајн настан на кој ги презентираше активностите кои ги спроведуваат во соработка со нивните партнери. На настанот присуствуваа партнерите на RYCO, вработени, како  и поранешни членови на Управниот одбор и Советодавниот одбор кои ја претставија  својата работа и придонес за развојот на RYCO.

Програмскиот асистент во локалната канцеларија на RYCO во Северна Македонија, Елена Мишеска, покрај презентацијата на агендата за денешниот настан, го претстави и годишниот извештај за 2020 година и планираните проекти за 2021 година.

Директор на Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија, Наумче Мојсоски ја претстави важноста на соработка помеѓу институциите за млади и младите, како и соработката на АМС со RYCO во Северна Македонија. Тој во своето завршно обраќање изјави дека целта е да се обединат сите млади на Балканот.

Поранешниот младински претставник на Северна Македонија во Управниот одбор на RYCO, Владимир Ѓорѓевски и Методија Стојчески, поранешен член на Советодавниот одбор на Северна Македонија во RYCO преку презентација и споделување на искуства за нивната долгогодишна работа во RYCO, го истакнаа значењето на приклучувањето на младите во регионот преку програми за размена на млади во 6 земји учесници од Западниот Балкан.

Андреа Угриноска , поранешен член на Советодавниот одбор на Северна Македонија во RYCO и Ѓорѓи Тасев, советник на Премиерот на Северна Македонија за млади и спорт, преку видео порака раскажаа за своите искуства и придонеси при работењето во RYCO, како и мерките и активностите што се преземаат за поддршка на развојот на младите во нашата земја.

Директор на локалната канцеларија на RYCO во Северна Македонија и ново назначен Генерален секретар на RYCO, Алберт Хани во своето завршно обраќање ги претстави генералните активности на локалната канцеларија на RYCO во Северна Македонија и новата визија за RYCO, како и подобрување на младите во нашето општество.

Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија има отворено повик  за младински претставник на Северна Македонија во Управниот одбор на RYCO, кој трае до 25 март. Избраниот младински претставник на Северна Македонија во Управниот одбор на RYCO ќе добие мандат од три години, а во нејзината/неговата работа ќе ги застапува интересите на младите во Северна Македонија.

Настанот имаше за цел да ги претстави искуствата од плодните и успешни соработки, како и да се осврне на препораките и предлозите кои се од исклучително значење за зголемување на учеството и соработката на младите.

И.К.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ