• Latest

Николовски до Велјановски: Заврши времето кога имаше еден судија, еден обвинител, правдата е тука

March 25, 2021
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски до Велјановски: Заврши времето кога имаше еден судија, еден обвинител, правдата е тука

March 25, 2021 17:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Заврши времето кога во државата имаше еден судија, еден обвинител, еден адвокат, еден извршител,  кога целата моќ беше на едно место, сега секоја институција постапува согласно своите надлежности и овластувања“, изјави Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ. Николовски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во отсуство на идеи, секојдневно лиферува лаги, невистини и конструкции.

„Затоа секој ден ги гледаме овие лаги со прашалници без храброст да се излезе и да се тврди нешто. Но, граѓаните тоа го гледаат и граѓаните на 15 јули испорачаа казна за тоа што постојано и денес и во претходниот период ги блокирате сите процеси во државата, заради тоа што нема понуда за ниту еден проблем, затоа што не нудите решение на граѓаните. Помина и времето кога институциите не смееја да помислат да им ги споменат имињата на некои функционери, министри или блиски на власта,  а не да влегуваат и да бараат документи,  како што тоа денес се случува во рамки на сите институции“, изјави  Николовски.

На прашањето за случајот со родиликата од Дебар и разрешувањето на директорот на струшката болница Мухамед Асани, вицепремиерот Николовски изјави дека веднаш се преземени мерки, извршен е вонреден надзор, издадено решение за забрана за вршење на дејност и поднесена иницијатива за кривична одговорност во ОЈО Струга.

„Во случајот со Асани беа покренати соодветни постапки и пред опозицијата да го изнесе, која треба да се интересира за здравјето, животот и вредностите особено за граѓаните. Прв сум, којшто излезе за овој случај и кажа и побара ДЗСИ да ги спроведе сите контроли и веднаш експресно во рок од 24 беше издадено решение за забрана за вршење дејност во просториите каде што се одвивале нелегални дејствијата на ординацијата, беа покренати постапки од институциите за да се покренат и информираат ЈО и сите оние кои се надлежни да реагираат. Преку посебна Комисија формирана од министерот за здравство, се донесе решение за смена на директорот. Така се постапува во било кој случај каде што е констатирана одговорност, пропусти и се охрабруваат институциите согласно своите надлежности да ги расчистат сите постапки“, изјави Николовски.

Вицепремиерот Николовски му порача на пратеникот Велјановски, дека како членови на ВМРО-ДПМНЕ, тие се должни да дадат став за „Плацевите на Водно“ каде што ВМРО-ДПМНЕ е оштетена со 1,3 милиони евра.

„Знам дека нервозата е се поголема кога не успеавте да го спречите носењето на Законот за ЈО, кога не успеавте да спречите да се трансферираат предметите од СЈО кои деновиве имаат разрешници, но јас од вас очекував поголема загриженост како членови на ВМРО ДПМНЕ да дадете став за тоа како и што се случува со „Плацевите на Водно“ каде што ВМРО-ДПМНЕ е оштетена со 1,3 милиони евра или како тоа од партиската каса вашиот лидер си купувал станови итн. Мислам дека тоа повеќе треба да ве загрижува и да излезете со став по однос на тие прашања“, рече Николовски.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ