• Latest

Заев: Решение за лицата без државјанство мора да има, но тоа треба да е одржливо

March 26, 2021
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
Пожар избувна од рафинеријата за нафта Кириши во руската Ленинградска област по пријавениот украински напад со беспилотни летала на 14 септември 2025 година. Фото: Генералштаб на украинската војска/Телеграм

Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија во Ленинградската област, клучната единица го запре производството

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го ескалира бомбардирањето, министерот за одбрана вели дека „Газа гори“

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Шест месеци од трагедијата во „Пулс“ – денес ќе се одржи „Марш за Ангелите“ во Кочани, протестни собири во Штип и Скопје

September 16, 2025
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Решение за лицата без државјанство мора да има, но тоа треба да е одржливо

March 26, 2021 10:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев смета дека прашањето поврзано со тоа што одредени лица во државата не можат да добијат државјанство е нешто што треба да се реши, но, како што посочи за тоа е потребно да се донесе издржано решение. Тој најави дека уште од понеделник може да се седне, да се разговара и со заеднички напори да се изнајде решение.

-Еве да предложам да седнеме во понеделник, вторник, среда, почетокот на следната недела, ќе дојдам јас, министерот за правда, министерот за внатрешни работи и ако има друга надлежна институција за ова прашање, заедно претставници на опозицијата и на власта ќе избереме, да седнеме и да го решиме прашањето. Ќе повикам експерти од матична служба, од МВР, од мојот кабинет, ќе се подготвиме претходно со идеи, вие што имате идеи, сите заедно да седнеме и да го решиме ова прашање, рече Заев одговарајќи на пратеничко прашање од Елми Азир од Алјанса за Албанците.

Суштината на решавањето на прашањето, нагласи Заев, мора да биде согласно правни стандарди. Тој е уверен дека за ова прашање може да се најде решение во соработка со сите институции. За ова прашање да биде решено, рече, мора да седнеме  и да најдеме решение што ќе биде одржливо, затоа што ако е надвор од стандарди, надвор од конкретни докази, надвор од конкретни постапки, како лесно е добиено, така лесно може да се изгуби во иднина.

–Сте го отвориле ова прашање, власта треба да постапи, односно ние извршните органи, бирани од овој Парламент треба да постапиме. Тоа е редот нема друго како, рече Заев.

Според него, се додека макар и еден граѓанин е апатрид, а има свои деца овде или има свои родители овде, или има свој брачен другар овде или живее долги години овде, роден е овде или слично, тоа е проблем што треба да се реши.

Заев смета дека од информациите што ги има од Министерството за правда и Управа за матична служба имаат евидентирано 850 граѓани кои сами се пријавиле.

– Нека се двојно повеќе – 1500 тоа не е мала бројка, сериозна бројка иако се споменува во јавноста 6 000, 50 000, 20 000 или слично, ние треба да ги решиме сите овие граѓани и јас верувам дека имаме стручни луѓе, експерти коишто и вам и нам можат да ни помогнат како тоа да го решиме, рече премиерот Заев.

Ако се согласувате, рече тој, преку вашиот координатор на пратеничката група и координаторот на пратеничката група на СДСМ следната недела кога ќе имате вие можност сите ние би дошле овде да поразговараме за ова прашање и да изнајдеме решение. Со тоа, рече, на сите граѓани на државата ќе им се даде можност да ги остварат своите права.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат поднесено законско решение за ова прашање. Поради тоа што тоа не е ставено на дневен ред во Собранието пратениците од коалицијата поднесоа илјадници  амандмани и блокираа поголем број закони.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ