• Latest

Шахпаска се обрати на Форум во Мексико: Жената има право на репродуктивна слобода, самата да одлучува за сопственото тело

March 31, 2021
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025

Предвремените претседателски избори во Република Српска ќе бидат распишани најдоцна следната седмица

August 25, 2025

Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

August 25, 2025
Фотгорафија: Touch Of Light/Wikimedia

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025
Ерол Ризаов

Како да ги препознаете лагите

August 25, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Четири новинари меѓу 15-те загинати во израелскиот напад врз болница, велат официјални лица од Газа

August 25, 2025

Њујок Тајмс: Дали Украина ќе се откаже од Донбас?

August 25, 2025

ДЗР: Системот за интегрирано планирање на ресурсите што го користат голем дел од институциите од јавниот сектор е без соодветна заштита на податоците

August 25, 2025

Пропадна уште едена обид за конституирање на Собранието на Косово

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Шахпаска се обрати на Форум во Мексико: Жената има право на репродуктивна слобода, самата да одлучува за сопственото тело

March 31, 2021 10:23
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска се обрати на онлајн „Generation Equality Forum “, кој во организација на UN Women и владите на Франција и Мексико,  годинава се одржа со седиште во Мексико Сити од  29-31 март.

-Женското здравје, правата, можностите и пристапот до здравствена заштита на жените се во фокусот на сексуалните и репродуктивни права. Со последните измени на Законот за прекин на бременост  жената има право на репродуктивна слобода, самата да одлучува за сопственото тело, дали, кога и колку деца ќе роди, истакна министерката Шахпаска во своето обраќање.

Таа потенцираше дека концептот на Владата на Република Северна Македонија „Едно општество за сите“ подразбира дека жените и мажите треба да имаат еднакво право на човечки, социјален, економски и културен развој. Ова, додаде таа, е концепт кој доследно се имплементира изминатиот период и не прави лидери во регионот.

-Здравствениот систем е должен да одговори соодветно, квалитетно согласно најсовремените стандарди на медицината базирана на докази.  Оттука, со воведувањето на медикаментозен абортус во чекор сме со европските практики и протоколи, посочи Шахпаска.

Таа зборуваше за превентивните програми со кои се овозможува рано откривање на промените на репродуктивните органи кај жените, рана дијагностика и висок процент на успешно лекување. Тоа  генерира и заштеда на сериозни финансиски средства, затоа што жените после успешно лечење се враќаат на пазарот на трудот.

-Воведени се нови терапии за рак на дојка и секоја жена има навремен пристап до нив. Обезбедени се и бесплатни ортопедски градници за оперираните жени. Воведена е и најнапредна технологија за скрининг на рак на дојка во рана фаза, со точна и прецизна дијагностика што е од клучна важност за понатамошниот третман на пациентките, истакна министерката.

Во поглед на образованието, министерката информираше дека е подготвен тригодишен Акциски план за пилотирање на сеопфатно сексуално образование. При што, развиени се едукативни модели за негово спроведување, подготвена е наставна програма на ученици од 13 до 15 годишна возраст и прирачник за наставници за спроведување на овој пилот проект.

-Министерството за труд и социјална политика работи на изготвување на новата Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година. Работната верзија на новиот закон за родова еднаквост е готова, по што ќе отвориме широка дебата во општеството, со единствена цел воспоставување на ефикасен систем на родова еднаквост, додаде Шахпаска.

Таа нагласи  дека  Република Северна Македонија продолжува да работи на унапредување на човековите права, вклучително и на  сексуалните и репродуктивните права на жените, како предуслов за општество втемелено на демократски принципи.

Република Северна Македонија од ноември 2020 година  е партнер во Акциската коалиција  за сексуално и репродуктивно здравје и свои претставници од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, кои активно учествуваа во подготовката на  визијата, акциите и тактиките на оваа Коалиција.

Форумот во Мексико е главна, глобална пресвртна точка за родовата еднаквост. Тој претставува значаен напор за обединување  владите, корпорациите и креаторите на промени од целиот свет за да ги дефинираат и најават нивните амбициозни инвестиции и политики.  Овој форум претставува и вовед во главниот настан кој ќе се случува во Париз од 30 јуни до 2 јули 2021 година, на највисоко ниво.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ