• Latest
Љупчо Зиков, главен и одговорен уредник на „Капитал“, панел на ЦИВИЛ - Попис: статистика, неп олитика/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Зиков: Податоците од пописот се база за носење на стратешка економска политика

March 31, 2021
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Зиков: Податоците од пописот се база за носење на стратешка економска политика

March 31, 2021 12:39
in ВЕСТИ, ПОПИС, ТОП 5
Љупчо Зиков, главен и одговорен уредник на „Капитал“, панел на ЦИВИЛ - Попис: статистика, неп олитика/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Љупчо Зиков, главен и одговорен уредник на „Капитал“, панел на ЦИВИЛ - Попис: статистика, неп олитика/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

На 30 март во хотел Парк&Спа Резиденс се одржа уште една во низата на панел-дискусии на ЦИВИЛ на тема „Попис: Статистика, не политика“. Еден од говорниците беше и главниот и одговорен уредник на „Капитал“ Љупчо Зиков.

Заблагодарувајќи се на поканата да учествува на ваква панел-дискусија, Зиков истакна дека му е многу драго што на економијата професионално и се дава простор да каже што мисли за целата ситуација со пописот, бидејќи малку се остава простор да се зборува за пописот од економски аспект.

„Во 30 години, во Македонија, политичарите како да не се свесни за многу битни работи. Една од можеби најбитните работи со кои оперираат политичарите во своите кампањи е населението. Кому се обраќаат тие луѓе? На кому му праќаат пораки? Кому ќе му го разубавуваат животот во следните години на мандатот итн.  За жал, македонските политичари не ја сфаќаат смислата на постоење на една политичка сцена во една држава. Политичката сцена ниту постои заради нив и нивните кариери и нивните животи, и не сфаќаат една работа дека смислата на постоење на политичка сцена, особено во демократија, е да им служат на граѓаните во неколку најважни области, а тоа е животниот стандард, економскиот просперитет, инфраструктурното подобрување на државата како таква, кои се само неколку аспекти за кои пописот е битен“ рече Зиков.

Анахроно е и глупаво е да се зборува дека Македонија во моментов располага со податоци од пописот од 2002 година. Тогаш сме направиле попис врз основа врз цела една транзиција од 10 години од 1992 година кога имаше се.

Ако тргнеме дека и тој попис во 2002 е направен пост конфликтно, со можеби до крај не точни податоци поради раселеноста во тој период, и прашање е и тој попис колку е релевантен. Тој попис во аспект на аналитика потоа до денеска, 20 години подоцна, оперирал со податоци од раните 90 години кога се осамостојувала  државата, а и тогаш е прашање каква релеванција имал пописот при станување на независна држава.

Во целата независност од 30 години имаме 2 пописа, јас кажувам, мое лично мислење е дека има многу мала релеванција во двата пописа. И ако тоа го земеме како логична матрица, прв пат правиме многу битен и сериозен попис. Но во кој контекст го правиме тој попис? Треба да го направиме во услови 20 години подоцна. Вториот контекст е попис како членка на НАТО. Трето, правиме попис пред почеток на преговори со Европска Унија за членство во ЕУ. И на крај, најбаналниот аргумент е дека правиме попис во 21 век во 2021 година, каде пописот не е никаде во светот тема, дури ни на Балконот.

Според Зиков, 3 клучни постулати се важни.

„Податоците од пописот се база за носење стратешка економска политика на Владата. Битно е и кај компаниите и физичките лица за водење деловна политика. Под деловна политика подразбирам, не само деловната политика на компаниите и на фирмите, туку и стратешки промислувања на физичките лица во државата. И трето, пописот е битен и за водење на партиски политики. Ќе направам една директна аналогија и поврзаност со годината во која денеска живееме. Ние имаме локални избори во октомври. Јас ги прашувам лидерите на партиите: како ќе ги прават своите политички програми спрема локалното население, во делот на економските програми? Пример, сакаат да градат спортска сала. За колку луѓе треба да се направи таа сала? Треба ли да имаме податок колку луѓе де факто ќе одат на спортски натпревари?“

Конкретно за пописот, Зиков објаснува дека е многу важно со што располагаме ние на терен. Така се форматираат економските програми во делот на политичките програми на партиите. Тој вели дека ако партиите не се свесни за тој момент, дека им треба ресурс за да ги направат своите политички програми, тогаш на кој начин тие би му се обраќале на локалното население. Граѓаните на локално ниво очекуваат политичката сцена да им се обрати со проекти, врз основа на статистички податоци.

„Зошто е битен пописот? Кога една компанија инвестира во нов погон, таа мора да знае колку луѓе се потенцијалниот пазар на компанија? Знаат ли компаниите колку производи треба да произведат за да го задоволат пазарот? Современото име на граѓаните е потрошувачи. Ние освен што треба да си ги преброиме граѓаните како такви, треба да си ги преброиме потрошувачите, кои имаат свои навики. Затоа  пописот статистичка операција, бидејќи тоа е ресурс во рацете на компанијата каде што многуте компании во Македонија го билдаат бруто општествениот производ на економијата. Тој аспект никој не го анализира и размислува, бидејќи 80% од прашањата во прашалниците за  пописот, директно или индиректно помагаат на економско-општествената сцена во Македонија. Третиот аспект е носење на државни и економски стратешки политики. Пописот мора да се направи. Хипотетички да кажеме дека нема да се одржи годинава пописот. Подоцна тоа ќе биде најголемиот срам за државата кога ќе треба да го правиме тоа под силен притисок на ЕУ“.

Тој во своето завршно обраќање истакна дека попис мора да имаме, но дека попис не поддржан од еден слој од граѓаните е нерелевантен попис.

Ирена Крџиќ

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Биљана Јордановска

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ