• Latest
Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

МОН не размислува за затворање на училиштата поради ковид

April 4, 2021
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа.

Зошто Трамп не успеа да ја заврши руско-украинската војна, ниту за ветените 24 часа, ниту по 4 месеци на власт

May 29, 2025
Фотографија: Lucas van Oort / Unsplash

РЕУПОТРЕБИ (REUSE): Од отпад до ресурс – повторна употреба за почиста иднина

May 29, 2025
фото: Општина Чаир

Ганиу: Данела прави „шоу“, се давиме во отпадоци, Општина Чаир нема неплатени обврски кон Градот

May 29, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Градоначалникот не е цар – треба да служи, не да владее; лидер кој доаѓа од народот и улицата, не од кабинет и “елитата“

May 29, 2025

Мицкоски ја повика опозицијата да изгласаат Закон за една изборна единица

May 29, 2025

JO ја отфрли пријавата против директорот на АНБ – газдарицата од Пловдив ја немало, Христовски полагал од дома и не направил ништо со умисла за кривично дело

May 29, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку вашата општина се грижи за животната средина?

May 29, 2025
Фото: скриншот МИА

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците пет месеци немаат добиено плата, бараат средба со премиерот

May 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Администрацијата на Трамп „агресивно“ ќе ги поништува визите на кинеските студенти

May 29, 2025
Пожар во фабриката за електроника Авангард во Санкт Петерсбург/Русија. Фото: Руско Министерство за вонредни ситуации

Серија експлозии во фабрика за електроника во Санкт Петербург, зграда во Москва оштетена во напад со украински дронови

May 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН не размислува за затворање на училиштата поради ковид

April 4, 2021 13:50
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата во образованието со коронавирусот е апсолутно стабилна и одговорно стојам зад тоа, вели во интервју за РСЕ министерката за образование Мила Царовска. Сега има само 62 ученика на целата територијата на државата и 98 наставници, што е многу пониско од оној пик во декември, вели Царовска.

Царовска, откако сте министерка за образование не стивнуваат реакциите во јавноста во делот на начинот на кој менаџирате со овој ресор. Има забелешки во однос на недоволната транспарентност, во делот на неприфаќање на забелешките при носењето на новата концепција за основно образование, па се до последната афера во која се споменува името на вашиот партнер. Но еве да почнеме со реформите во образованието, новата концепција ја донесовте, но и покрај тоа што е донесена има многу реакции и од СОНК и од делот на стручната фела дека тие се избрзани реформи, недоволно подготвени и дека нивните забелешки не биле земени предвид.

Апсолутно се согласувам дека реакциите не стивнуваат и јас тоа ќе го земам како комплимент, не како забелешка, поради тоа што кога работите нешто, а тоа треба да доведе до суштински промени важно е да очекувате реакции, зошто ако нема реакции тоа значи дека не правите ништо. Ние како тим во Министерството за образование и наука посветено секој ден работиме да сите оние застанати процеси, забавени реформи кои требало да се случат пред 20 години сега да ги ставиме во еден нормален колосек и да нашата држава со забрзан чекор се приклучи кон стандардите за образование на европските држави. Токму таква е и концепцијата за основно образование којашто целосно е поддржана од целата меѓународна заедница којашто е присутна во нашата држава и која очекува да постигнеме високи стандарди за образование како основа за развој понатаму на државата. И токму затоа оваа концепција којашто ја донесовме сега е во процес на подготовка на програми за нејзина имплементација во прво и во четврто одделение. Со СОНК сме целосно усогласени, морам да истакнам дека тие беа меѓу првите на кои им ја презентиравме концепцијата.

Колку советници од Бирото за развој на образование досега направиле надзор или контроли на онлајн часовите и што тие контроли покажале? До какви забелешки дојдовте?

Сите надзори имаат цел да бидат советодавни и едукативни. Многу е интересно што со години Министерството за образование и институциите под него се однесуваат наредбодавателно кон наставниците, сакајќи со притисок да постигнат квалитет. Тоа не се постигнува и затоа ние, нашата идеја, и како ова Министерство функционира додека јас сум министер, главниот збор е поддршка, што укажува на тоа дека наставниците, дури и да имаат надзор, дури и да имаат посета од Државен просветен инспекторат, тоа не е за да бидат казнети, туку за нивната работа да биде поддржана и да биде поквалитетна и така работиме. Дополнително, како министер, испратив до сите институции под Министерството, дека во овој период бирократијата е најмалку важна. Најзначајно е менталното здравје на наставниците, менталното здравје на учениците и нивната врска којашто треба да ја имаат во континуитет во текот на училишната година и тоа е главната идеја зад која стојам. Но Министерството, преку Државниот просветен инспекторат, има направено повеќе од 4200 надзори, околу 2700 се редовни, 1400 се вонредни, и одредени се 295 контролни, што укажува дека веројатно дека 295 одредени забелешки се дадени, па имало потреба да се направи и контролен увид за да се види дали се отстранети забелешките.

Дали размислувате да ги затворите училиштата за учениците коишто посетуваат настава со физичко присуство со оглед на тоа што расте бројот на заболени од коронавирус, а имаше и случаи на заразени ученици и наставници во некои училишта?

Состојбата во образованието со коронавирусот е апсолутно стабилна и одговорно стојам зад тоа, поради тоа што 3 декември беше најголемиот пик во првото полугодие и тогаш имавме 168 наставници и 88 ученици. Сега имаме само 62 ученика на целата територијата на државата и 98 наставници, што значи дека сè уште сме многу пониско од оној пик којшто го имавме во декември, а да не зборувам дека тоа е помалку од 1 процент од вкупниот број на наставници и 0,06 отсто од учениците.

Госпоѓо Царовска, дали етички вашиот партнер да аплицира за тендери во период кога Вие сте министерка?

Јас вчера одговорив, а исто така имам одговорено неколку пати во неколку наврати изминатите години и сметам дека може да го искористите тоа слободно.

Не одговоривте дали е етички, Вие рековте дека нема ништо спорно и дека нема конфликт на интереси, јас прашувам за етичкиот момент.

Јас кажав дека и вчера одговорив, но и во претходните години и ставот е исти.

РСЕ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Четворица затвореници барале 1.200 евра од мајка за да не и го тепаат детето во затворот „Идризово“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Што ти се чинеше…

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција, за локалните избори најави соработка и со ДУИ и со „Влен“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ