• Latest

Макрадули: Со прогласување на Пошта за загрозен споменик го ставаме на виделина нашето европско наследство во опаснот

April 9, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Макрадули: Со прогласување на Пошта за загрозен споменик го ставаме на виделина нашето европско наследство во опаснот

April 9, 2021 13:24
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со прогласување на поштата на еден од седумте најзагрозени споменици во Европа, ние го ставаме на виделина нашето европско наследство во опасност, подигнуваме свесност и го трасираме патот кон одржлива иднина на избраните локалитети, рече денеска генералниот директор на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули.

Листата на номинирани седум најзагрозени споменици и локалитети со наследство во Европа за 2021 година беше објавена вчера од страна на Европа Ностра – Европскиот глас на граѓанското општество посветено на културното и природно наследство и неговата партнерска организација, Институтот на Европската инвестициска банка (ЕИБ). А.Д. „Пошта“ е дел од оваа листа.

Макрадули денеска на прес-конференција посочи дека избраните седум најзагрозени локалитети добиваат грант за наследство од Институтот на ЕИБ, во висина до 10 илјади евра по локалитет.

Тој потенцира дека оваа сума можеме да ја толкуваме како симболична, но, според него, таа е многу важна, затоа што вчерашниот избор е најдобрата апликација кон европските фондови.

– Се направи првиот чекор, не смееме повеќе да дозволиме нашата негрижа да биде пострашна од пожарот. Овој почеток нека биде поттик за мобилизирање на потребната јавна, стручна, меѓународна, но и поддршка на приватниот сектор, додаде директорот на „Пошта“.

Според Макрадули, неопходна е институционална, техничка и кадровска поддршка од Владата и другите релевантни институции, како и од целата научна и стручна јавност, но и тимска структура за јавен интерес.

Како што рече тој, солидарноста на секој чинител мора да биде катализатор за достигнување на крајната цел.

– Опожарената шалтер сала која се наоѓа во рамките на Зградата на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ и официјално стана дел од оваа листа. Како Пошта многу вложуваме во секој детаљ, при организација на секој јавен настап. Но, тоа што остана од овој архитектонски симбол по стравотниот пожар во 2013 година е отворен покрив и со големи ѕидови. Тажна и жална слика која никого не остава рамнодушен. За жал колку и да сакаме шалтер салата во овој момент е простор кој сам не може да се врати во првобитниот сјај, рече Макрадули.

Тој посочи дека просторот е изложен на атмосферски влијанија и климатски промени веќе цели осум години. Според него, нема дилема дека просторот треба наместо затворен и заборавен, да биде отворен и вратен и наместо под клуч, светот да го види преку окото на нашите врвни фотографи, а навечер осветлен.

Евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната прес-конференција рече дека ЕУ целосно останува посветена на заштита на културното наследство и оти културните и креативните сектори се двигатели на економскиот и социјалниот раст и интегрален дел на европското чувство на припадност за тоа кои сме всушност ние.

– И во овие услови оваа зграда изгледа величествено. Поштата на Јанко Константинов беше една од знаменитостите којашто се појави. Никна од урнатините на земјотресот во 1963 година. Тоа беше дело на имагинација но исто така и на смелост. Скапоцен камен на т.н. бруталистичка архитектура во тоа време, но исто така и симбол на меѓународната солидарност што го одбележа периодот на реконструкција што следеше по 1963 година. Денес оваа зграда е празна и запоставена. Изложена на елементи но и на голема опасност, рече Гир.

Токму поради таа причина, додаде Гир, одлуката на „Европа ностра“ што беше објавена вчера е со цел да се стави оваа зграда на листа на седумте најзагрозени наследства во Европа што е од големо значење.

Тој порача и дека ова е аларм до сите, до Владата, граѓанското општество, бизнисот како и до обичните граѓани и меѓународната заедница, да делуваат, се со цел да ја спасат оваа знаменитост.

– ЕУ ја демонстрира својата посветеност преку финансии што се ставени на располагање, во кои досега Северна Македонија учествува рамо до рамо подеднакво со другите земји членки на ЕУ. Се надеваме дека ова културно наследство од исклучителна важност овој смел симбол на повторното раѓање на градот после земјотресот ќе се роди по втор пат. Меѓутоа сето ова зависи од нас и колку акција ќе преземеме затоа што ова им го должиме на нашите родители, ова им го должиме на идните генерации, подвлече евроамбасадорот.

Сузана Касовска Георгиева од ИЕГЕ рече дека значењето што сме на оваа листа, е во тоа што со оваа референца ќе бидат отворени останати европски фондови, на кои ќе можеме да аплицираме за да може овој објект да се реставрира и да се обнови.

– Апликацијата за избор на седум најзагрозени културни установи во Европа, започнала уште во 2019 година, при што номинацијата се поднела во 2020, за некаде во ноември да бидеме ставени на листата на 12 најзагрозени споменици во Европа за 2021 година, од страна на Европа Ностра, а вчера и во седум најзагрозени, додаде Касовска Георгиева на прес-конференцијата.

Како што нагласи таа, во државата ќе дојдат експерти од Европа Ностра, како и од Европската инвестициска банка кои заедно со нашите експерти ќе работат на правење на проценка а притоа ќе ги добијат и следните експертски ставови и мислења за понатамошни идни активности.

Како што додаде, целта на оваа номинација е подигнување на свесност на јавноста за културното и природното наследство и воопшто нејзините вредности.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ