• Latest
Премиер на Словенија, Јанез Јанша

Нон-пејперот на Јанша: Прекројување на границите во регионот или мерење на западнобалканскиот националистички пулс?

April 16, 2021
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Нон-пејперот на Јанша: Прекројување на границите во регионот или мерење на западнобалканскиот националистички пулс?

April 16, 2021 15:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Премиер на Словенија, Јанез Јанша

Премиер на Словенија, Јанез Јанша

Share on FacebookShare on Twitter

Нон-пејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша, за кој се смета дека е подготвен во соработка со или под влијание на Орбан, предизвика лавина од реакции. Тие реакции отидоа до таму, што во дел од македонските медиуми, како што се наведува во словенечкиот necenzurirano.si се појави и нова мапа на Западен Балкан, со прешироко „толкување“ на предлозите за поделби и спојувања предвидени во документот.

На мапата, западниот дел од Северна Македонија се спојува со Албанија, како и делови од областа Прешево и Бујановац во Јужна Србија. За такви поделби на териториите не станува збор во нон-пејперот, како што е објавен во necenzurirano.si, но секако имаат поинаква намена за внатрешнополитички потреби на одредени политички кругови во земјата.

Извор: necenzurirano.si

Официјален Брисел молчи, нема коментар за содржината на документот. Неговото постоење е очигледно, но реакции од ЕУ сѐ уште нема.

Во денешната колумна, објавена на ЦИВИЛ Медиа, Сашо Орданоски, го анализира нон-пејперот и реакциите во македонската јавност. Иако, како што вели и самиот, сега сме во фаза каде главниот збор го имаат медиумите, експертите, политичари кои своите толкувања или „подбуцнувања“ ќе ги пласираат врз база на креирање разни теории и мапи, отколку на клучните точки од самиот документ, но тоа не значи дека политичкиот врв треба да остане слеп. Напротив, било какви поместувања во регионот ќе имаат и огромно влијание на Северна Македонија, независно дали таа е дел од тие планови или не.

Јанша е недостапен за јавноста. Од РСЕ информираат дека во одговор на своето барање за интервју со премиерот на Словенија, добиле одговор дека Кабинетот нема да коментира на тема нон-пејпер. Барање за интервју испрати и ЦИВИЛ МЕДИА, во кое, меѓу другото, се поставува и прашањето дали, според мислењето на словенечкиот премиер, е можно такво сценарио без тензии, па и насилни конфликти.

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, реагираше на нон-пејперот. „Цртањето нови граници е опасен пат“, напиша Рот Твитер.

Со оглед на тоа што нема официјална реакција од ЕУ, останува непотврдена и  информацијата дека овој нон-пејпер воопшто е предаден на претседателот на Европскиот Совет (ЕС), Шарл Мишел, иако пред излегувањето на документот, како што пренесуваат медимите, целата кореспонденција се одвивала преку тајни канали.

Со постоењето на два нон-пејпери (пократката верзија е објавена во овој прилог), дури и necenzurirano.si предупреди на можноста за појава и на трет. Дали некој посакува во некој трет нон-пејпер да се предвиди и прекројување на Северна Македонија, онака како што дел од македонските медиуми „сугерираат“.

Ако воопшто некој може да им верува на медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски добил гаранција од Јанша, во телефонски разговор, дека таков документ не постои.

Како и да е, останува отворено прашањето, доколку ваков документ навистина постои, дали се работи за вистински план за прекројување на границите во регионот или само за мерење на западнобалканскиот националистички пулс.

Биљана Јордановска

 


Нон-пејперот на Јанез Јанша: Западен Балкан – патот напред

  1. Состојба

Главното прашање на регионот на Западен Балкан – чие членство во ЕУ е гарантирано кога сите земји ги исполнуваат условите во согласност со одлуката на Европскиот совет од 2003 година донесена во Солун – претставува нерешени национални прашања на Србите, Албанците и Хрватите. Поранешното Кралство на Југославија и повоена СФРЈ ги криеја проблемите и ги олеснуваа. Проблемите се разгореа по распадот на СФРЈ. Дејтонскиот договор стави крај на војната во Босна и Херцеговина, додека кампањата на НАТО стави крај на етничкото чистење на Косово шест години подоцна. Мир беше воспоставен со напорите на ЕУ и НАТО, беа дадени ветувања за европска перспектива, прогрес е направен во Северна Македонија и Црна Гора, но клучните прашања сепак остануваат нерешени.

Начелно, Дејтонскиот договор го негираше статусот постигнат во воениот конфликти, додека практични решенија де факто го овозможија неговото признавање. Врз основа на постоечките методи и ритамот на решавање на проблемите, тешко може да се замисли европска перспектива на Србија и Косово, ЕУ членство за Босна и Херцеговина е целосно исклучено. Турција особено го искористи овој празен период со значително подобрување на своето влијание во Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

Освен Турција и неколкумина локални политичари и нивните поддржувачи, кои лично профитираат од хаосот и нефункционални институции, никој не е задоволен од состојбата во Босна и Херцеговина. Србија, Хрватска и Албанија моментално имаат стабилни влади и нивните избрани политичари се способни да носат стратешки одлуки.

  1. Решенија

 Обединување на Косово и Албанија. Во Косово, 95% од населението сака да се обедини со нивната албанска нација по потекло. Слична е ситуацијата и во Албанија. Границата помеѓу Албанија и Косово де факто не постои. Српскиот дел од Косово доби посебен статус (по моделот на Јужен Тирол).

Спојувањето на поголем дел од територијата на Република Српска со Србија. Српското национално прашање може во голем дел да се реши по пат на спојување на голем дел од Република Српска со Србија. Во овој случај, Србија е подготвена да се согласи на припојување на Косово со Албанија.

Хрватското национално прашање може да се реши: со спојување на доминантно хрватски кантони во Босна и Херцеговина со Хрватска, или по пат на давање посебен статус на хрватскиот дел во Босна и Херцеговина (користејќи го Јужен Тирол како модел)

Бошњаците оттука ќе се стекнат со независна функционална држава и ќе преземат целосна одговорност за истата. Би се организирал референдум за луѓето да изберат помеѓу иднина во ЕУ и вон ЕУ (Турција). Засега, убедливо мнозинство на Бошњаци ја поддржуваат ЕУ перспективата, но во случај на продолжување на хаосот и сé поголемото влијание на Турција и радикалниот Ислам, ситуација може драстично да се влоши во текот на следната декада.

ЕУ, во соработка со други фактори во регионот (на пример Иницијативата три мориња), ја започнува имплементацијата на сеопфатна економска програма за стабилизација, подобра инфраструктура и енергетска поврзаност на регионот и рехабилитација на животната средина (ЕК веќе има подготвено делови од планот).

По усвојување на ратификацијата на сите неопходни билатерални одлуки во регионот, пристапните преговори за ЕУ и НАТО членство би се забрзале.

  1. Чекори

a. Во тивка постапка, можностите да се спроведи планот се проверуваат со носителите на одлуки во регионот (во тек)

b. Во тивка постапка, поддршката за планот се проверува со носителите на одлуки во меѓународната заедница (во тек)

c. Се подготвува сеопфатна комуникациска програма за презентирање на планот во јавноста земајќи ги во предвид различните атмосфери во поединечните делови на регионот

d. Доколку, ЕУ, САД и поголемиот дел од регионалните носители на одлуки се согласат со планот и чекорите за неговата имплементација, ЕУ ја зграпчува иницијативата и истата ја формализира.

e. Се лансира процес на комуникација што ги таргетира различните групи на јавноста.

f. Се ставаат во функција сите потребни формални билатерални постапки за имплементација на планот, кои се синхронизирани и финализирани во правна смисла, според логичен редослед.

*Доколку тивките постапки на проверка и корекции на планот откријат дека потребниот договор на регионалните и меѓународните носители на одлуки не може да се гарантира, нон-пејперот останува нон-пејпер сé до понатамошен развој на настани.

Јанша е недостапен за јавноста. РСЕ во одговор на своето барање за интервју со премиерот на Словенија добива одговор дека Кабинетот нема да коментира на тема нон-пејпер.

Со оглед дека нема официјална реакција од ЕУ, останува непотврдена и  информацијата дека овој документ е предаден на претседателот на Европскиот Совет (ЕС), Шарл Мишел, иако пред излегувањето на документот, како што пренесуваат медимите, целата коресподенција се одвивала преку тајни канали.

Со постоењето два нон-пејпери, дури и necenzurirano.si предупреди на можноста за појава и на трет, овој пат  во кој би можело да се „оправда“ и прекројувањето на  Северна Македонија, според објавената мапа.

Сепак, од македонска страна, ако се верува на медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски добил гаранција од Јанша, во телефонски разговор, дека таков документ не постои.

превод: Н. Цветковска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ