• Latest

Владата за извештајот на „Репортери без граници“: Ќе продолжиме најенергично да реагираме на појавите на закани кон медиумските работници

April 21, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата за извештајот на „Репортери без граници“: Ќе продолжиме најенергично да реагираме на појавите на закани кон медиумските работници

April 21, 2021 14:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Владата со целиот капацитет ќе се насочи кон тоа повеќе да нема случаи на притисоци врз новинари и медиуми кои се наведени во документот“, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски соопштувајќи го ставот на Владата за последниот извештај на организацијата „Репортери без граници“.

Забелешките ќе бидат земени сериозно предвид иако охрабрува тоа што најважен индикатор во извештајот, рече, е што оваа Влада од 2017 до денес покажува позитивен тренд, што не беше случај со минатата влада, и тоа, како што рече, треба да биде показател дека состојбата со медиумите од 2017 постојано се подобрува.

Пренесувајќи го ставот на Владата, Арсовски повика сите општествени фактори да бидат на висина на сопствената одговорност, да учествуваат во натамошното подобрување на состојбата и да придонесат во нагорниот тренд во медиумската слобода во нашата земја. Напомна дека Владата реагирала во случаи кога неколку претставници на институции од извршната власт имале непримерна комуникација со новинарите и за нивните постапки биле преземени соодветни мерки. Дел од нив, рече Арсовски, беа отповикани од вршењето на функциите.

„За мал дел од случаите беше побарана постапка од МВР, како во случајот со заканувачот кон две новинарки, што институциите експресно го расчистија. Затоа, го повторуваме апелот – секој случај да биде пријавен во полиција и тоа е најбрзиот и најсигурниот начин да се сузбие оваа појава. Го охрабруваме и Обвинителството и судството побрзо да ги процесираат случаите. Владата ќе продолжи и понатаму најенергично да реагира на појавите на закани кон медиумските работници, но треба да се има предвид и дека свој придонес и еднаква одговорност за перцепцијата за слободата на медиумите носат и сите други чинители, како што се политичките партии и останатите фактори во општеството, активни во сферата на јавните комуникации“, истакна владиниот портпарол на редовната прес-конференција на која информираше за одлуките донесени на вчерашната седница.

Во извештајот на „Репортери без граници“ за 2020 година, кој беше објавен вчера, Северна Македонија бележи подобрување од две места во глобалниот индекс (од 92 на 90), но се соочува со критики за заканите и нападите кон новинарите и медиумите.

Ситуацијата со медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да им се закануваат и да навредуваат медиуми, а сајбер вознемирувањето и вербалните напади кон новинарите се зголемија на социјалните медиуми. Сето ова послужи да се засили добро вкоренетата култура на неказнивост, е наведено меѓу другото од „Репортери без граници“ за состојбата со слободата на медиумите во Северна Македонија во 2020 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ