• Latest

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација три месеци работи на институционално воспоставување

April 22, 2021

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација три месеци работи на институционално воспоставување

April 22, 2021 15:56
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Заложбите и очекувањата од новата Комисија за спречување и заштита од дискриминација се таа да биде силен механизам за штитење и унапредување на еднаквоста и човековите права на граѓаните, но наместо да се фокусира на исполнување на својот мандат – работа по претставки од граѓани за конкретни случаи на дискриминација, првите три месеци ги поминала во институционално воспоставување. Комисијата од мај конечно почнува да се вселува во нови простории, а се уште чека донесување на систематизација за да може да почне со набавка на потребната опрема.

Претседателка на Комисија за спречување и заштита од дискриминација Весна Бендевска, порача дека нивниот пристап како новосоздадена институција е цврст, темелен и сериозен.

– Затоа одлучивме да одиме, можеби по потешкиот пат, но со цел да гарантираме сериозно добри и квалитетни акти, врз кои ќе се темели оваа Комисија. Не само во својот прв состав, туку и во сите идни состави, изјави Бендевска.

Кире Василев, од Комисија за спречување и заштита од дискриминација, посочи дека Комисијата досега одржала 11 седници во Клубот на пратеници, а само последната 12-та е одржана вчера во новите простории – поранешните канцеларии на Државната комисија за спречување на корупцијата.

– Вчера ја одржавме 12-тата седница, каде главна точка беше распределба на предметите. Секој доби по 14 предмети. Ја формиравме дата-базата и сега сме во тек на разгледување на предметите. Покрај предметите, започнавме и со пишување на мислења, од кои две се веќе објавени, изјави Василев.

Со решение од Влада, посочи тој, ги добивме поранешните канцеларии на ДКСК, каде од мај ќе можеме да се вселиме.

– Ни требаат компјутери и опрема, што се предвидени со буџетот, но тој не е функционален се додека не ја поминеме првата систематизација – за да направиме јавна набавка мора да биде од вработените, изјави Василев.

Во процес, веќе е мини систематизација за 13 работни места – сите со преземање од јавната администрација, за кои се чека согласност од нивните претпоставени.

– Со наредниот буџет за 2022 година очекуваме да отвориме јавен оглас, со кој се надеваме дека ќе привлечеме правници кои ќе работат на предметите, што е суштинската улога на нашата функција, порача Василев.

Сите предизвици со кои се соочуваат, според Василев, произлегуваат од недостатоците на Законот, кои не биле предвидени при носењето на законското решение.

Генералната секретарка на Собранието на РСМ Цветанка Иванова, изрази уверување дека Комисијата ќе остави свој траг во ова наше, како што рече, се уште стереотипно општество.

– Собранието го донесе Законот за антидискриминација и пристапи кон избор на членови, согласно процедурата. Претходно донесе буџет за работа на Комисијата и создаде услови за старт и почеток на комисијата. Но, покасно се соочивме дека во Законот има доста празнини и недоречености, кои не дадоа можност комисијата веднаш, со самиот избор да почне ефикасно да работи, рече Иванова.

Комисијата, посочи таа, во Собранието би требало да има значен партнер во постојаните надзорни тела, особено во матичната Комисија за труд и социјална политика, анкетната комисија за заштита на човекови права, како и Комисијата за еднакви можности во Собранието.

– Мислам дека се создадени услови за работа. Има доста пропусти и мислам дека треба заедно да помогнеме да се излезе од овие слабости и Комисијата да почне да функционира и биде видлива. Само така, би можеле да направиме Комисија во која граѓаните ќе веруваат во борбата против дискриминацијата, порача Иванова.

Законот за спречување и заштита од дискриминација, во речиси идентична форма во која беше усвоен во претходниот парламентарен состав, а беше укинат во мај минатата година од Уставниот суд поради донесувањето без потребното мнозинство од 61 пратеник, беше усвоен повторно кон крајот на октомври.

Со Законот се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ