• Latest
Интерпелација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски/ Фото МИА

Спасовски: За 9.5% е намален вкупен криминалитет, реконструирани 54 објекти на МВР, обезбедени средства за бонус плати

April 26, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: За 9.5% е намален вкупен криминалитет, реконструирани 54 објекти на МВР, обезбедени средства за бонус плати

April 26, 2021 13:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Интерпелација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски/ Фото МИА

Интерпелација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски/ Фото МИА

Share on FacebookShare on Twitter
Во своето обраќање пред пратениците на денешната седница на која на дневен ред беше неговата интерпелација, министерот Спасовски потсети дека како резултат на интензивираните активности и координираното водење на криминалистичките истражувања во борбата со недозволената трговија со дрога, во периодот од 1 јануари до 15 април 2021 година се остварени значајни резултати, при што беше сузбиена шестчлена криминална група, а беа спречени пет меѓународни транспорти на дрога, во чии рамки се запленети над 688 килограми марихуана. Во овој период, истакна Спасовски, се запленети околу 850 килограми наркотична дрога, при што значајно е зголемена заплената на марихуана, хашиш, амфетамин и синтетички таблети.

„На граничниот премин Богородица, при извршен  претрес во товарно возило  помеѓу легалната стока-отпадна хартија, пронајдени и одземени се 390 килограми марихуана, набавена од Косово, која требало да се транспортира до Турција. На патниот правец Росоман-Прилеп, во близина на с.Манастирец-Кавадарци, во патничко возило управувано од лице од струшко пронајдени се 180 килограми марихуана. Во близина на с.Селемли-Гевгелија запленети се 92 килограми марихуана. Меѓу позначајните реализации се и разбиената мрежа на улични дилери и препродавачи на дрога на подрачјето на Прилеп, за што мерки на кривичен прогон се преземени против четири лица од Прилеп. Во април 2021 година беше сузбиена и шестчлена криминална група на патниот правец Прилеп – Росоман, во близина на с.Раец, при што беа запленети 200 килограми марухуана. Веднаш по моето враќање во МВР, уште во септември минатата година, беа запленети над 400 килограми дрога, беа сузбиени и две организирани криминални групи, во кои дејствувале 12 членови, спречени беа три меѓународни транспорти на дрога…“, рече Спасовски.
Според Спасовски, за постигнување на добрите резултати во работењето голема улога имаат и добрите услови кои раководството на МВР ги обезбедува за работа на вработените.
„Со враќањето во МВР, продолживме со реализација на заложбата за севкупно подобрување на професионалните услови за работа на полициските службеници, преку продолжување на проектот за реконструкција и изградба на полициските станици. Ова се рефлектираше со комплетно завршени градежни активности во периодот септември-декември 2020 на објектите на Аеродромската база Петровец и Полициското одделение Жеровјане, ОВР Гевгелија, ОВР Крива Паланкаи Полициска станица Бит Пазар, како и со изградбата на Центарот за санирање од катастрофи во Прилеп и на новите современи форензички лаборатории во Скопје“, истакна Спасовски, додавајќи дека и во 2021 година се продолжи со ист интензитет, па комплетно се реконструирани Регионален центар Југ, ОВР Кавадарци, Полициското одделение Дојран и објектот на ОВР Ресен, а во моментов  интензивно се  работи на реконструкција и санација на СВР Куманово, Полициското  одделение  Ростуше, како и  објектот во касарна „Илинден“ за потребите на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Започнати се активностите за изградба на комплетно нов објект за ПС Аеродром, а  Спасовски најави дека за многу скоро ќе започне и реновирањето на објектите во Прилеп, Чашка и Крушево.

„Впрочем, во таа насока говори и процентот на реализација на буџетските средствата во 2020 година во делот на капиталните расходи, кој на изнесуваше 98%, во споредба со реализацијата од само 17,43% до моето повторно враќање во министерството. Или, ако ги споредиме првиот квартал на 2020 година со првиот квартал во оваа 2021 година, односот на степенот на реализација на капитални расходи е 5,74% наспрема 17,85%“, посочи Спасовски.

„Почитувани пратеници и граѓани! Горд сум што за период од три и пол години, реконструиравме 54 објекти. Притоа, ја зголемивме и енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија: поставуваме соларни панели, ПВЦ врати и прозорци, а склучивме и рамковна спогодба за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди, со што ги исфрламе старите грејни тела и одиме кон зелена енергија, односно придонесуваме за заштеди во буџетот и намалување на загадувањето на животната средина. Големо внимание посветуваме и на набавка на опрема и униформи за вработените. Во текот на оваа и наредната недела пристигаат комплет униформи за Единицата за брзо распоредување, Единицата за обука и подршка при ОСПО, како и Единицата на интервентна полиција при СВР Скопје. Минатиот месец Одделението за претходница и сообраќајно-ескортно обезбедување при Одделот за заштита на определени личности и објекти, по цели 12 години доби на користење нова мотоциклистичка опрема, а за првпат полициските службеници во оваа организациска единица на министерствотодобија два вида на опрема – зимска и летна.

За обнова на униформи и опрема во буџетот за оваа година имаме обезбедено близу половина милијарда денари, што е еден од највисоките износи во историјата на министерството“, изјави Спасовски и потсети дека истовремено се обезбедени и средства за исплата на бонус плата на вработените во МВР за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020, кои ќе бидат исплатени во јуни, а веќе се исплатени бонус платите за 2017 и 2018 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ