• Latest

МОН: Дигиталниот учебник нема да биде единствена опција за учениците, ќе се применува комбиниран модел

April 26, 2021
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН: Дигиталниот учебник нема да биде единствена опција за учениците, ќе се применува комбиниран модел

April 26, 2021 14:40
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на средношколци потврдува дека младите ја поддржуваат дигитализацијата на учебниците и воопшто на образованието. Сосема е очекувано да постојат дилеми кај младите и кај нивните семејства, кои Министерството за образование и наука и другите надлежни институции како носители на промените, имаат обврска и должност да ги појаснат и расчистат, соопшти ресорното министерство по ставот што денеска го изнесе Средношколскиот сојуз за најавената дигитализација од наредната учебна година.

Во соопштение МОН наведува дека ИТ-технологијата им овозможува со многу едноставно пребарување на интернет да дојдат до информации за сите придобивки кои ги нуди дигитализацијата на материјалите за учење и до многу примери на земји во чии образовни системи ова решение успешно функционира и носи резултати кои најчесто се видливи на меѓународните тестирања.

– МОН потсетува дека од следната учебна година се воведува комбиниран модел на примена на материјалите за учење, кој ќе се имплементира сукцесивно во следните неколку години. Ова решение не предвидува дигиталниот учебник да биде единствена опција за учениците. Од прво до трето одделение учениците и натаму ќе користат печатени учебници, додека за учениците од четврто одделение приоритетна опција се дигиталните учебници. Лектирите остануваат исклучиво во печатена верзија, соопшти МОН.

За учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди и/или помошна технологија, новото законско решение предвидува училиштето да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник.

– За оваа цел, во училиштата веќе се прават проценки и подготовки за обезбедување одреден таканаречен „библиотечен фонд“ на таблет-уреди кои ќе им се даваат на привремено користење на учениците кои имаат потреба од ваков тип поддршка, согласно законот. Доколку, пак, ученикот изрази потреба за користење печатен учебник, тој ќе му биде обезбеден од страна на училиштето. И тука очекуваме предизвиците да бидат сведени на минимум, посочува МОН и додава дека во опременоста на училиштата вложува централната власт, но и самите локални самоуправи.

Учебниците ќе бидат достапни и во аудиоформат, на сите наставни јазици, и првпат ќе се печатат и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид, со што, нагласува МОН – дигитализацијата ја елиминира дискриминацијата.

– Примери за комбиниран модел за примена на учебници, како и за модели во кои дигиталниот учебник е единствена опција за учениците има многу, а позитивните искуства и практики беа предмет на анализа при конципирањето на нашиот автентичен модел, чија примена почнува од учебната 2021/2022 година. Дигитализацијата е процес кој се случува и мора да биде заокружен во сите општествени сегменти, вклучително и во образованието. Предностите се големи и дел од граѓаните веќе ги почувствуваа преку искористување на некоја од дигитализираните услуги на МОН – како пријавувањето за стипендии, пријавувањето за сместување во студентски и ученички домови, постапката за нострификација на образовни квалификации стекнати во странство и слично, наведува МОН во соопштението, додавајќи дека се добредојдени идеи и сугестии  од млади и од организации за да се подобрат политиките што нив ги засегаат.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ