• Latest

Димитров: Со одлагањето на стартот на преговорите загубивме ние, но и регионот, ЕУ и Бугарија

April 28, 2021

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Со одлагањето на стартот на преговорите загубивме ние, но и регионот, ЕУ и Бугарија

April 28, 2021 13:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Минатата година почна добро, имаме нова методологија којашто овозможи безусловно зелено светло, меѓутоа не заврши добро и мислам дека со еден таков епилог прво изгубивме ние, потоа изгуби регионот, бидејќи бледнее надежта дека европската перспектива е реална, изгуби и ЕУ бидејќи заедно со намалување на кредибилитетот се намалува и влијанието, а мислам дека изгуби и Бугарија бидејќи имавме една голема можност што треба да се обидеме заедно да ја вратиме, да градиме едно вистинско и блиско партнерство и пријателство, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Во обраќањето на конференцијата „Спогодбата за стабилизација и асоцијација МК-ЕУ – дваесет години и натаму“, организирана од тинк-тенк организацијата „Институт за европска политика – Скопје“, Димитров нагласи дека Северна Македонија е на ниво на усогласеност со земји во регионот кои веќе преговараат, а во некои поглавја и подобра од нив, посочувајќи дека нашиот напредок е препознаен и дека предизвиците мора да резултираат со успех, бидејќи немаме друга алтернатива освен европеизирање на македонското општество.

Тој напомена дека сите заеднички тела кои се воспоставени во изминатите 20 години со цел да се овозможи успешно реализирање на Спогодбата од страна на сите домашни институции функционираат редовно и успешно. Едновремено, потсети дека приоритет е да работиме на унапредување на административните капацитети, особено во контекст на ИПА кадарот, бидејќи успешно спроведени ИПА проекти значат подобрена инфраструктура за сите граѓани.

– Спогодбата продолжува да биде единствената правна рамка која ги регулира нашите односи со ЕУ и можеби уште поважно, ги штити нашите интереси, особено интересите на домашното стопанство, вклучувајќи ги и услугите. Затоа, ние немаме друга алтернатива. Мора да продолжиме активно да ги исполнуваме и нашите обврски кои произлегуваат од Спогодбата, носејќи ги европските вредности дома. Во тој процес се обврзуваме да бидеме инклузивни и транспарентни, а тоа подразбира искористување на сите капацитети, не само на институциите, туку и на граѓанскиот сектор, на академската заедница, на стопанските комори и синдикатите, бидејќи сите ние поеднакво сме засегнати не само од бенефициите, туку и од предизвиците кои со себе ги носи пристапниот процес, додаде Димитров.

Тој нагласи дека имам амбивалентен однос кон овој јубилеј, бидејќи од една страна оваа правна рамка ни помогна многу, од друга страна не потсетува на изгубеното време, на изгубените генерации, на изгубените можности.

– Ние бевме први што ја зграпчивме оваа шанса меѓутоа уште немаме отпочнато со пристапните преговори. Хрватска, која што беше по нас, оваа година одбележува 8 години од пристапувањето кон ЕУ. И затоа разбирливо е да ги чувствуваме фрустрациите кога сме 16 години во чекалната на ЕУ. Но колку и да е големо искушението да паднеме во таа замка  да се чувствуваме како жртва која е онеправдана, претпочитам да видиме што е тоа што можеме да го направиме за да си одиме по патот што нема алтернатива, по европскиот пат, за да не’ биде. На некој начин драстичноста на македонската приказна мислам и за тоа зборувам последните години во главните градови на земјите-членки, нашата приказна токму поради изгубеното време, меѓу другото, меѓутоа и поради направениот прогрес, поради лидерството во решавање на билатерални прашања не’ прави тест за тоа колку ЕУ е сериозна и колку Балканот може да верува на зборовите кои доаѓаат од Брисел и од главните градови на земјите-членки, истакна Димитров.

Како што соопшти СЕП, конференцијата беше можност, особено во светло на предизвиците за отпочнување на пристапните преговори, да се потсетиме на придобивките и можностите од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, но и за следните чекори во насока на нејзино целосно спроведување.

На конференцијата покрај Димитров учествуваа и директорката на Институтот за европски прашања, Симонида Кацарска, како и Мари Тереза Моран, заменик раководител на единицата за Северна Македонија во Европската комисија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ