• Latest

Новинарот Ади Ќаили за 27 април: Беа спремни да елиминираат се пред себе за да ги остварат своите цели

April 28, 2021
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Новинарот Ади Ќаили за 27 април: Беа спремни да елиминираат се пред себе за да ги остварат своите цели

April 28, 2021 16:04
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот Ади Ќаили, во разговор со ЦИВИЛ Медиа ги сподели своите доживувања на работна задача на 27 април, „Крвавиот четврток“, денот кога се изврши нападот врз Собранието.

-Тоа што се случи пред  четири години,  беше опасност по животите на сите што беа во дворот на Собранието. Бев на должност да известувам во живо на изданието за вести, и некаде кон крајот на протестите  се виде дека сè излегува од контрола, сите демонстранти ја преминаа полициската бариера и ги нападнаа вратите на Собранието. Без да го пресметам ризикот од тој момент, јас и снимателот се затрчавме по нив, со идеја да добиеме информации од прва рака. Сепак, таму наидовме на навреди по национална основа, па и расистички кон нашата ТВ-екипата, како и кон другите екипи, бидејќине сакаа да биде снимен тој чин. Тие беа свесни дека го кршат Законодавниот објект и дека кршат многу закони во тие моменти. Имаше цивили кои беа вооружени, многумина со маски, многу други ставаа маици на лицата за да го сокријат својот идентитет, и ги нападнаа вратите на Собранието. Во овој случај, ризикот беше преголем и не знам како би завршило сето тоа… Се вртеа  лоши сценарија , сè изгуби контрола, органите на редотја изгубија можноста да ги запрат протестите,  толпата граѓани што го нападнаа Собранието и сè беше страшно, вели Ќаили.

Бевме надвор од Собранието,  пробавме да влеземе во Собранието со демонстрантите, остатокот од телевизиската екипа беше во просториите на Собранието и јас бев поврзан во живо на вестите. Видовме тажни слики, изопачени лица, надвор од контрола, фрустрирани повици на национална, расна, антиалбанска основа и сите ги снимавме. Во еден момент, скоро физички се соочив со демонстрантите кои се обидуваа да ја земат камерата од снимателот, да ја скршат, и во тој момент ја напуштивме зградата, снимавме повеќе, сè до моментот кога не запреа цивили кои се претставуваакако членови на органите за спроведување редот, но кои всушност беа дел од организациската група на протестот на 27 април, за што дознавме подоцна.

Јас не бев внатре во тој дел, бидејќи беа прекршени бариерите за спроведување на законот и се упативме од задниот дел на Собранието, бидејќи цивилите упаднаа на сите врати. Јас не бев присутен во моментот кога беше претепан пратеникот Села, ниту другите пратеници на тогашната опозиција. Сепак, врз основа на информациите што ги имавме однатре, се подготвуваше физичка елиминација на многу пратеници, и како резултат, тие немаа намера да не поштедат нас како медиумски работници. Всушност, тие беа во можност да елиминираат сè што ќе се најде на патот да го попречат нивниот процес.

Бев среде два огна, сакајќи да го заштитам мојот колега, кој беше цел на нападот, затоа што тој имаше камера, а од друга страна да ги заштитам другите луѓе што дојдоа, затоа што телевизијата каде што работев тогаш, беше многу блиску до Собранието, и во моментот кога повеќето сфатија дека тоа национална телевизија, на Албанците, тие почнаа да фрлаат камења кон нас, и врз зградата, обидувајќи се да го демолираат објектот. Немавме на кого да се обратиме, бидејќи полицијата беше надвор од контрола, а нашата безбедност беше навистина загрозена.

Таму атмосферата мирисаше на граѓанска војна. Се очекуваше и дека ќе пукаат со огнено оружје … Во моментот кога се повлековме во нашиот објект, чуварот кој го заштитуваше објектот ни рече дека треба да влеземе во објектот, во спротивно ќе не нападнат и ќе ја заземат целата телевизија, а потоа кога се стемни, почнавме да се повлекуваме  од задната врата на телевизискиот ресторан, по двајца, отстранувајќи сè што би можело да нè идентификува како новинари, како да сме цивили и случајно да бевме таму. Не можевме ниту да се движиме со автомобили, патиштата беа блокирани, се повлековме од периметарот на опасност и се упативме кон нашите домови, бидејќи опасноста по нашите животи сè уште не беше помината, се потсетува Ќаили.

Пораката е многу едноставна, самиот обид да се влезе во Собранието, наводно да се брани нивната кауза и Уставот, додека во Собранието се одвиваше демократски процес, поттикнувањето на омраза од различни кругови кон демонстрантите предизвика став  дека тие бранат нешто, додека тоа нешто никој не им го зема,  и дека ние како државотворни граѓани,од албанската етничка припадност нужно мора да учествуваме во сите процеси, без разлика дали се во Собранието, претседателството или Владата. Затоа, пораката досите наши сограѓани од другите етникуми е многу јасна, ако сакаме да создадеме силна, стабилна држава со сите европски демократски вредности, дефинитивно мора да бидеме дел од градењето на државата, и колку побрзо тие го разберат ова, толку подобро ќе ни биде и побргу ќе се интегрираме во ЕУ.

Дијана Тахири

Монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ